Куќи во Косевица
Косевица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Косевица се наоѓа во областа Осоговија, на околу 8 км од Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала. Маалата во селата се познати како: Бошнаци, Грнчарска Маала, Горанска Маала, Караджовска Маала, Паровска Маала, Паунковска Маала, Врбачка маала, Пашите, Горна Река, Долна Река, Чутуранска маала и Чукарска Маала.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Косевица живееле 175 жители, сите Македонци.[3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Косевица имало 160 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Косевица има 240 жители, од кои 238 Македонци и 2 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 133 Македонци и 28 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во селото постои избирачкото место бр. 608 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 182 гласачи.[13]