Кларенс Седорф

Кларенс Седорф
Clarence Seedorf
Лични податоци
Роден на 1 април 1976(1976-04-01)(48 г.)
Роден во Парамарибо, Суринам
Висина  м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1995 Ајакс 65 (11)
1995–1996 Сампдорија 32 (3)
1996–2000 Реал Мадрид 121 (15)
1999–2002 Интер 64 (8)
2002–2012 Милан 300 (47)
2012–2013 Ботафого 58 (15)
Вкупно 654 (107)
Репрезентација
1997–2008 Холандија 87 (21)
Тренер на екипи
2014 Милан
2016 Шенџен
* Ажурирано на: 15 мај 2017

Кларенс Седорф (роден на 1 април 1976) — поранешен холандски фудбалер. Седорф е првиот фудбалер којшто ја освоил Лигата на Шампионите четири пати со три различни клубови – Ајакс во 1995, Реал Мадрид во 1998 и Милан во 2003 и 2007.[1][2] Седорф е е еден од најдекоративните и елегантни фудбалери, и тој освоил многу домашни и континентални титули додека настапувал за клубови во Холандија, Шпанија, Италија и Бразил.

Репрезентативна кариера

Спрема Суринамските правила и закони против двојно државјанство, играчи кои се од холандска националност или се согласни да земат холандско државјанство веќе не се подобни да ја претставуваат поранешната холандска колонија. Како резултат на тоа, Седорф, а потоа и на Ајакс, одиграл меѓународен натпревар за Холандија. Тој го обележал својот прв настап на 14 декември 1994 година на 18-годишна возраст против Луксембург.[3] Седорф постигнал погодок на своето деби, помагајќи и на својата репрезентација да победи со резултат 5–0 за квалификациите за УЕФА ЕУРО 1996.[4]

Седорф бил дел од холандската репрезентација за Европското првенство во фудбал во 1996 година, каде што тој го промашил пеналот во четврт-финалето против фудбалската репрезентација на Франција.[5] Тој исто така ја претсавувал фудбалската репрезентација на Холандија на Европското првенство во 2000 година, одржано во Белгија и Холандија, како и Европското првенство 2004 година во Португалија. На светските првенства тој настапил само еднаш, во Франција 1998 година, каде што стигнал до полуфиналето на турнирот. Во полуфиналето биле поразени од репрезентацијата на Бразил, а во борбата за третото место, биле поразени од репрезентацијата на Хрватска, со резултат 2-1.

На 12 ноември 2006 година, Седорф бил повторно повикан во првиот тим на репрезентацијата, заменувајќи го повредениот Весли Снајдер. Тој започна како стартер на пријателскиот натпревар против Англија, каде што ги одиграл сите 90 минути. Седорф победи на сите натпревари за репрезентацијата на Холандија во 2008 година.[6] Во квалификациите за Еуро 2008 против Романија (0–0 на домашен терен) и Словенија (1–0 победа на гостински терен), Седорф одиграл четри и шест минути соодветно и респектибилно. Се појавиле сомнежи за неговата позиција во рамките на репрезентацијата, како селекторот Марко ван Бастен фаворизира помлади играчи како што се Рафаел ван дер Варт, Весли Снајдер и Робин ван Перси. На 13 мај 2008 година, Седорф најавил дека нема да учествува во УЕФА Еуро 2008, поради неговиот личен конфликт со Ван Бастен.[7]

Приватен живот и други ангажмани

Седорф со Кралицата Максима и Кралот Вилем-Александар на Холандија.

Седорф зборува течно шест јазици:[8][9][10][11][12][13] Холандски, Англиски,[14] Италијански, Португалски, Шпански и Суринамски. Тој често се гледа како на духовна, интелигентна и артикулирана фигура во фудбалот,[15] а во 2011 година во едно интервју, Седорф нагласи дека започнал со Мастер студии за Бизнис на престижниот Бокони Универзитет во Милано;[16] па поради тоа тој го добил прекарот "професорот" ("the professor") во времето играјќи за Милан.[17] Седорф е оженет со бразилката, Лувиана Седорф, кои се сопственици на ресторанот Прсти во Милано. Тие имаат четри деца.[18]

Седорф има искуство со медиумите поврзани со работа во текот на последните неколку години. Во 2009 година, тој работел за Њујорк тајмс за една колумна насловена како „Седорф одговара"“, каде што еднаш во месецот тој одговара на прашањата на луѓето во врска со фудбалот.[19] Тој се приклучил на ББС тимот за покривање на Светско Првенство во фудбал 2010 година во Јужна Африка, каде бил ангажиран како експерт и телевизиски критичар. [20] Тој, исто така извршувал голем број на функции за покривање ББС, вклучувајќи го и оној за 6,9 километри западно од брегот на Блубергстранд, Кејптаун, Јужна Африка.[21] Тој, исто така, се приклучи на ББС за настанот Натпревар на Денот во живо на УЕФА Еуро 2012. Седорф беше широко пофален за својот придонес за покривање на BBC, со Daily Mail натпис со пофали за неговиот "елегантен, информирачки мандат во студиото на BBC".[22] Тој, исто така има направено настап на Натпревар на Денот 2 во англискиот фудбал во текот на лигашката сезона.

Поради својата силна врска со Суринам, каде што е роден, тој е инволвиран во многу проекти за социјален развој. Тој изградил сопствен стадион во областа Пара во Суринам. На овој стадион, игра екипата Сури проф. во Јуниорс Лигата на Суринам. Со неговата фондација за деца, тој поддржува проекти за добри и развојни цели во Суринам.[23] Поради сето ова, Суринам му даде орден на командант на висок ред со жолта ѕвезда, а неодамна во 2011 година, и Холандија, исто така, му оддаде почит со орденот во Редот на портокаловите-Насау.

На 5 јуни 2009 година, Седорф најави на прес-конференција по состанокот со Нелсон Мандела, кога тој станал најновиот шампион на Фондацијата Нелсон Мандела за неговото наследство. Тој се приклучува на Патрис Мотцебе, Токио Сехвале, Дејвид Рокфелер, Пеги Дилејни и Бил Клинтон, кои се членови на одредена група на филантропи, кој помагаат да се осигура, дека наследството на г-дин Мандела живее.

Во 2012 и 2014 година, Седорф учествува на добротворен натпревар фудбалска помош , на Олд Трафорд со поранешните професионални играчи и познати личности. Тој играше за "остатокот на светот" против тимот на Англија. Во 2014 година, тој постигна хет-трик, каде што остатокот од светот победи со 4-2; и со тоа тие обезбедиja над 4 милиони фунти.[24]

Наводи

  1. UEFA Champions League – Clarence Seedorf – UEFA.com Архивирано на 27 септември 2015 г.. 2000.uefa.com (20 May 2013). Посетено на 22 June 2013.
  2. UEFA CHAMPIONS LEAGUE SEASON 2009/10 MATCHWEEK STATS PACK MATCHWEEK 1 15/09/2009-16/09/2009. uefa.com
  3. „Clarence Seedorf – International Appearances“. RSSSF.
  4. „Netherlands 5 – 0 Luxembourg“. UEFA. 14 December 1994.
  5. „France reach last four after shoot-out success“. UEFA. 6 October 2003.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име autogenerated1.
  7. „Seedorf Blames Van Basten For Exit“. Goal. 14 May 2008.
  8. „Soccer Training Info - Soccer Players Speaking Foreign Languages“. Архивирано од изворникот на 2020-09-20. Посетено на 2017-05-09.
  9. „Discover“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2017-05-09.
  10. „Both Thierry Henry and Clarence Seedorf speak English much better than Rio Ferdinand • /r/britishproblems“.
  11. „Nothing found for 2014 01 18 The Most Interesting Man In The World Clarence Seedorf“. Архивирано од изворникот на 2015-01-12. Посетено на 2017-05-09.
  12. FIFA.com (13 May 2012). „Seedorf reaches Milan landmark“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2017-05-09.
  13. „Seedorf, campione anche nel business“. Посетено на 15 September 2014.
  14. ABDOMEDIAGROUP (9 March 2011). „Kate Giles Interviews Clarence Seedorf on CNN“ – преку YouTube.
  15. „Big interview Clarence Seedorf paints picture of hunger and intelligence“. Посетено на 15 September 2014.
  16. „Clarence Seedorf: One-on-One“. Посетено на 15 September 2014.
  17. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Seedorf reaches Milan landmark.
  18. „La moglie di Seedorf fa belli i calciatori“. Архивирано од изворникот на 2011-04-10. Посетено на 15 September 2014.
  19. „Seedorf editorialista del NY Times“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 September 2014.
  20. „Klinsmann and Seedorf join BBC's World Cup team“. BBC Sport. 22 April 2010. Посетено на 9 March 2011.
  21. „World Cup 2010: Clarence Seedorf goes to Robben Island“. BBC Sport. 7 July 2010. Посетено на 9 March 2011.
  22. Williamson, Laura (8 July 2010). „Clarence Seedorf has the class to admit that Dutch are lucky“. The Daily Mail. London. Посетено на 9 March 2011.
  23. „Seedorf - Off the field - Champions for Children“. Посетено на 15 September 2014.
  24. Wright, David (8 June 2014). „Result: Clarence Seedorf scores hat-trick for Rest of World in Soccer Aid“. Sportsmole. Посетено на 9 June 2014.

Надворешни врски

Кларенс Седорф profile and stats at Wereld van Oranje (холандски)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!