Франклин Едмундо "Франк" Рајкард (холандски изговор: [ˈfrɑŋk ˈrɛi̯kaːrt] ( слушни); роден на 30 септември 1962 година) — поранешен холандски фудбалер и менаџер, кој настапувал на позицијата играч од средниот ред и одбраната во екипите на Ајакс, Милан, Сарагоса и за фудбалската репрезентација на Холандија за која има настапено 73 пати, постигнувајќи 10 гола. Во неговата тренерска кариера тој бил селектор на репрезентацијата на Холандија, како и на тимовите, Спарта Ротердам, Барселона, Галатасарај и на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија.
Се смета за еден од најдобрите дефанзивни играчи во историјата на фудбалот и како еден од најдобрите играчи на неговата генерација,[1][2] во 2010 година Рајкард бил опишан од страна на британскиот весник "Дејли Телеграф" како "стилски играч со безобзирно педигре".[3]
Наводи