Како син на двајца уметници, Ван Перси бил охрабруван и самиот да стане уметник и да тргне по стапките на неговите родители, но нему повеќе му се допаднал фудбалот и станал член на младиот состав на СБВ Екселсиор во 2001. Неговиот пробив беше во клубот од неговиот роден град Фејенорд, каде што помина три сезони и го освои купот на УЕФА во 2002. Во 2004, се пресели во Англија и потпиша за Арсенал, со кого истата сезона го освои Комјунити Шилд, а во сезоната 2004-05 и ФА Купот.
Робин ван Перси пораснал во Ротердамската населба Кралинген. Неговата мајка, Хосе Рас, била сликар, а неговиот татко, Боб, бил вајар.[1] Тој има две сестри, Лили и Кики.[2] Често бил охрабруван да тргне по стапките на неговите родители и да стане уметник, но тој го избрал фудбалот.
Клупска Кариера
Фејенорд
Ван Перси стана член на холандскиот младинскиот тим на СБВ Екселсиор во 2001, но си замина поради конфликти со тренерскиот состав и потпиша за Фејенорд.[3] Набрзина се проби до првиот тим поради повреди на некои од играчите, дебито за клубот му беше на 17 години, прв од вкупно 15 настапи. На крајот на сезоната 2001-02, беше прогласен за Најдобар Млад Талент во холандската прва лига.
На почетокот на следната сезона, Ван Перси потпиша нов три годишен професионален договор со Фејенорд, и постигна пет гола на натпреварот од Амстел Купот против АГОВВ кој заврши 6-1 на 6 февруари 2003.[4] Но, поради несогласувања со менаџерот Берт ван Марвијк Ван Перси беше префрлен во резервниот состав, за што Ван Марвијк изјави, „Поради неговото однесување, невозможно беше тој да остане во почетниот состав, па затоа ќе им се приклучи на резервите.“[5] За време на натпревар помеѓу резервите на Феенорд и Ајакс, тој беше еден од неколкуте играчи на Феенорд кои беа нападнати од страна на хулигани кои навлегоа на теренот.[3] Разликите помеѓу Ван Перси и Ван Марвијк се продлабочија кога Ван Перси беше испратен дома пред натпреварот од Супер Купот против Реал Мадрид откако наводно тренерот не бил задоволен од говорот на телото на Ван Перси, кога му било кажано да се загрее за натпревар од лигата.[1] Ван Перси ја заврши својата деби сезона во првиот тим, имаше вкупно 28 настапи и осум голови, таа сезона Феенорд загуби во финалето на Холандскиот куп.
Феенорд неуспешно се обиде да го продолжи договорот на Ван Перси за време на летото. Сезоната 2003-04 ја помина на клупата поради се полошите односи со Ван Марвијк. Повторно играше 28 натпревари, но постигна само 6 голови. Фејенорд го понудија на продажба на крајот на сезоната, но поради неговото дисциплинарно досие немаше многу заинтересирани. Во јануарскиот преоден рок во 2004, холандскиот клуб започна преговори со Арсенал. Арсенал имаше потреба од долгорочна замена за ветеранот Денис Беркамп. Двете страни не успеаја да се договорат во јануари, но пет месеци подоцна, во летниот преоден рок, Ван Перси се пресели во Арсенал за 2,75 милиони фунти, малку повеќе од половина од оригиналната цена поставена од Феенорд, 5 милиони фунти.[3][6]
Арсенал
На 17 мај2004, Ван Перси потпиша четиригодишен договор со Арсенал.[7] Менаџерот Арсен Венгер, кој планирал да го претвори Ван Перси од лево крило во напаѓач, што претходно му успеа со Тјери Анри,[8] за новиот играч изјави, „Може да игра на лево во средниот ред, како креативен играч зад напаѓачите или како напаѓач.“[9] Арсенал дополнително го засилија напаѓачкиот ред со купувањето на шпанецот Хосе Антониот Рејес,[10] со што дојде до ситуација во која овие двајца треба да се борат за место во првиот тим, но Ван Перси прв го имаше дебито за тимот, и при тоа освои и трофеј, кога влезе како замена на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Комјунити Шилд на 8 август2004 кој Арсенал го освои со 3:1.[11]
Ван Перси поминуваше многу време на клупата во почетокот на сезоната 2004–05, неговото натпреварувачко деби беше на 27 октомври 2004 кога го постигна и својот прв гол во победата од 2:1 на натпреварот од Карлинг Купот против Манчестер Сити.[12] Сепак, првиот црвен картон во Арсенал го заработи веќе на 26 февруари 2005 за време на гостивањето кај Саутхемптон кој заврши 1:1. Картонот го доби поради старт врз левиот бек на СаутемптонГрем Ле Со,[13] по што вообичаено смирениот Венгер бил виден како му вика на Ван Перси додека овој го напуштал теренот. Подоцна Венгер го критикуваше Ван Перси и на прес-конференцијата со изјавата: „Не го поддржувам Ван Перси денес, но на полувреме изгледаше како да има се под контрола. Кога судијата му дава црвен на домашен играч, тогаш тој е под притисок, што значи дека ако некој требаше да се контролира, тоа беше тој.“ Во меѓувреме, спортскиот писател на Телеграф Клајв Вајт во својот извештај за натпреварот го опиша Ван Перси како „9 годишно момче во телото на 21 годишник.“[14] По ова Ван Перси беше приморан да седи на клупа неколку натпревари, почнувајќи со повторениот натпревар од ФА Купот против Шефилд Јунајтед,[15] и беше вратен во составот само поради повредата на листот на Тјери Анри, на првиот натпревар откако се врати постигна два гола на победата во полуфиналето на ФА Купот против Блекбурн Роверс. Сезоната заврши за Ван Перси набрзо потоа поради повреда, но тој сепак имаше постигнато 10 голови на 40 настапи.[16]
Добрата форма на Ван Перси му донесе награда Играч на Месецот на Премиер Лигата за ноември откако имаше осум голови на осум настапи,[1][8] по што беше награден со петгодишно продолжување на договорот на 4 јануари2006.[17] Но, два дена по потпишувањето на новвиот договор, Ван Перси се здоби со нова повреда, на натпреварот од ФА Купот против Кардиф, еден од противничките играчи го згазна на стапалото и му скрши еден од прстите.[18] Ван Перси играше на следните три натпревари со дупка во копачката, исечена за да се намали притисокот, а со тоа и болката, по што беше одморен на Премиерлигашкиот натпревар против Вест Хем Јунајтед на 1 февруари.[1] На првото финале на Арсенал во Лигата на Шампионите во 2006 беше на клупата, но не влезе во игра, Арсенал загуби со 2:1 од Барселона.[19]
На почетокот на сезоната 2006–07 на натпреварот против Чарлтон Атлетик, Ван Перси постигна гол од волеј, во скок, за кој Венгер рече „таков (гол) се постигнува еднаш во животот“,[20]
Подоцна беше прогласен за Гол на Месецот за септември од страна на BBC,[21] а годината ја заврши како Ротердамски Спортист на Годината за 2006. Сепак, неговата сезона беше предвреме завршена по вторпат во својата кариера на 21 јануари 2007, кога заработи фрактура на коска во десното стапало додека го прославуваше израмнувачкиот гол на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Сезоната ја заврши со 13 постигнати голови.[22]
Откако Анри си замина во Барселона пред почетокот на сезоната 2007–08, Ван Перси ја презеде улогата на главен напаѓач на Арсенал. Сезоната ја започна добро откако го постигна победничкиот гол во натпреварот против Интер од Купот на Емирати кој заврши 2:1. Истото го постигна и на натпреварот против Ајакс од Купот на Амстердам кој заврши 1:0. По серијата од седум голови на десет натпревари во лигата, Ван Перси повторно се повреди, овојпат повредата беше на коленото, а ја доби на натпревар за Холандија.[23] Враќањето во форма му беше на натпреварот од фазата по групи од Лигата на Шампионите против Стеауа на 12 декември,[24] а во Премиер Лигата се врати против Виган на 9 март, кога влезе како замена во второто полувреме. Првиот гол по враќањето го постигна од пенал во победата од 3:2 против Болтон Вондерерс.
Ван Перси ја започна сезоната 2008-09 на 31 август со два гола во победата од 3:0 против Њукасл Јунајтед.[25] На 29 октомври, го постигна својот педесетти гол за Арсенал во дербито против соперниците Тотенхем кое заврши 4:4. На 1 ноември го доби и својот прв црвен картон за 2008-09 откако го турна голманот Томас Соренсен на поразот од 2:1 против Стоук Сити. Соренсен подоцна призна дека го „зафркавал“ Ван Перси со цел да го испровоцира реакција.[26]
Манчестер Јунајтед
На 15 август 2012 година, Арсенал објавија дека се договорени условите со Манчестер Јунајтед за неговиот трансфер, но Ван Перси требаше уште да ги договори личните услови со клубот. На 17 август 2012 година, Ван Перси и официјално стана фудбалер на Манчестер Јунајтед за сума од £ 24.000.000, потпишувајќи четиригодишен договор.[27] Тој е првиот играч којшто преминал од Арсенал во Манчестер Јунајтед уште од Вивијан Андерсон кој во 1987 направи ваков трансфер. За својата прва сезона го добил дресот со број 20, бидејќи асистенот Рене Мулестен верувал дека ван Перси ќе помогне да се освои 20-тата лигашка титула.
На 20 август 2012, ван Перси го направи своето деби за Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена во 68-мата минута на местото на Дани Велбек во поразот на неговиот тим со 1-0 од Евертон.[28] Пет дена подоцна тој го постигна својот прв погодок за клубот со својот прв удар за клубот, за да го израмни резултатот на 1-1 во натпреварот со Фулам на Олд Трафорд. Јунајтед забележа победа од 3-2 на тој натпревар.
Фенербахче
На 14 јули 2015, Ван Перси потпишал за турскиотФенербахче за 3,84 милиони фунти. Нему му бил доделен дресот со број 10. Тој и неговиот поранешен колега од Манчестер јунајтед Нани, дебитирале за Фенербахче две недели после потпишувањето, во третата рунда квалификации за Лигата на шампионите против Шахтар Донецк заменувајќи го Муса Со. Првиот свој настап во турската лига го имал на 14 август против Ескисехирспор, како замена за Фернандао во 60-та минута, во победата од 2-0. Шест дена подоцна тој го постигна својот прв гол за Фенербахче, како замена за Муса Со, и тој го постигна единтвениот гол на мечот против Атромитос од Атина во првиот натпревар од Лигата на шампионите - бараж, со својат прв допир на целиот натпревар.[29] Ван Перси го постигна својот прв гол во домашното првенство за клубот на својот прв настап како стартер на 23 август, по асистенцијата Нани за ремито 1-1 со Ризеспор.[30]
Репрезентативна кариера
Првите настапи за Холандија Ван Перси ги направи за помалку од недела, прво во победата од 2:0 од квалификациите за Светското Првенство 2006 против Романија на 4 јуни 2005,[31][32] а потоа во друг натпревар од квалификациите, четири дена подоцна против Финска, натпревар на кој го постигна својот прв репрезентативен гол во победата од 4:0.[33]
Светско Првенство 2006
И покрај тоа што не беше редовен стартер во составот на Арсенал, Ван Перси беше дел од составот на Марко ван Бастен за Светското Првенство 2006. Играше на сите четири натпревари на Холандија, и го постигна својот единствен гол во групната фаза против Брегот на Слонова Коска од слободен удар, по што Холандија беше елиминирана во првата елиминациона фаза.[34][35]
Европско Првенство 2008
На квалификациите за ЕП 2008, Ван Перси постигна 4 гола, најмногу во холандската репрезентација,[36][37] и играше како крило за време на првенството, зад единствениот напаѓач Руд ван Нистелрој откако Ван Бастен реши да смени во 4-2-3-1 формација. На 13 јуни, постигна гол откако влезе во 55 минута, во победата од 4:1 против финалистот од СП 2006 Франција, и беше стартер на следниот натпревар против Романија, кога постигна гол на асистенција од Деми де Зеуф. Првенството го заврши со само два гола, откако Холандија заврши на врвот во групата Ц, но повторно беше исфрлена во првата елиминациона фаза.[38]
Личен живот
Ван Перси и жена му, холанѓанка со мароканско потекло, Бушра имаат еден син, Шекил, кој е роден на 16 ноември2006. Тие живеат во Гофс Оук, Хертфордшајр.[3]
Обвинение за силување
На 13 јуни2005, додека беше во Ротердам на подготовки со тимот на Холандија за квалификациите за СП 2006, Ван Перси беше уапсен поради сомнение за силување од страна на холандската полиција откако поранешната холандска Мис Нигерија Сандра Кријгсман изјавила дека тој наводно ја нападнал два дена порано во хотел.[39] Тој помина две недели во затвор додека полицијата ги истражувала обвинението на Кријгсман,[40] по што беше ослободен по одлука на судот дека нема потреба да седи во затвор, но сè уште важеше за осомничен.[41]
Во февруари 2006, случајот беше целосно отфрлен од страна на холандското јавно обвинителство откако заврши нивната истрага. Обвинителството изјави, по темелната истрага, дека немало насилен сексуален контакт.[42] Ван Перси јавно проговори за времето поминато во затвор неколку месеци подоцна, опишувајќи го искуството како понижувачко, исто така изјави и дека во затворот бил третиран како криминалец, и покрај фактот што не бил виновен. Во октомври 2005 излезе извештај во кој пишуваше дека над 200 полицајци од Ротердам се обиделе да го видат неговото досие, и покрај фактот што голем дел од нив немале одобрение.[43]
Volume 9 of Fist of the North Star: Master Edition, published by Gutsoon. The manga Hokuto no Ken (known as Fist of the North Star in its English editions) by Buronson and Tetsuo Hara was originally published by Shueisha in the magazine Weekly Shōnen Jump from 1983 to 1988, and the series was subsequently reprinted in 27 collected editions (tankōbon) under the Jump Comics imprint. During the 1990s, Shueisha reprinted Hokuto no Ken in 15 hardcover aizōban editions,[1] as well as 15 ...
Cet article est une ébauche concernant une équipe nationale de football et le Ghana. Vous pouvez partager vos connaissances en l’améliorant (comment ?) selon les recommandations des projets correspondants. Équipe du Ghana de football à la Coupe du monde 2014 Fédération GFA Classement 25e (premier tour) Organisateur(s) Brésil Participation 3e Meilleure performance 7e (quart de finale) en 2010 Sélectionneur James Kwesi Appiah Capitaine Asamoah Gyan Meilleur buteur André Ayew et...
Aspect of street lighting This article may be in need of reorganization to comply with Wikipedia's layout guidelines. Please help by editing the article to make improvements to the overall structure. (February 2014) (Learn how and when to remove this template message) Intelligent street lighting refers to public street lighting that adapts to movement by pedestrians, cyclists and cars in a smart city.[1] Also called adaptive street lighting, it brightens when sensing activity and dims...
Cuban guitarist, composer and poet (1913–1996) Celedonio Romero - An Evening of Guitar MusicCeledonio Romero (2 March 1913 – 8 May 1996) was a guitarist, composer and poet, perhaps best known as the founder of The Romeros guitar quartet. Biography Celedonio Romero was born in Cienfuegos, Cuba,[1] while his parents were on a business trip to the island. He began playing the guitar at the age of 5, and eventually studied music theory, harmony, composition, and counterpoint at th...
Developmental Basketball LeaguePengelolaPT DBL IndonesiaDidirikan2004Negara IndonesiaProvinsiSetiap provinsiLevelSMP dan SMAKomisionerAzrul AnandaPenyiarDBL PlayWebsitehttp://dbl.id Logo DBL saat ini (atas) dan logo DBL lama (bawah) Gelanggang Remaja Pekanbaru dihias dengan atribut DBL Developmental Basketball League (DBL), sebelumnya bernama Deteksi Basketball League, adalah sebuah kompetisi liga bola basket pelajar SMP dan SMA terbesar di Indonesia. Liga ini dimulai pada tahun 2004 di ...
Unexpected LoveSutradara Bowie Lau ProduserDitulis olehPemeranDu ChunYing ErTingjia ChenTanggal rilis 14 Februari 2014 (2014-02-14) (China) Durasi96 menitNegara Tiongkok Bahasa Tionghoa PendapatankotorCN¥10.5 juta Unexpected Love (Hanzi: 誰說我們不會愛) adalah film romansa Tiongkok tahun 2014 yang disutradarai oleh Bowie Lau dan dibintangi oleh Du Chun dan Ying Er.[1] Film ini dirilis pada tanggal 14 Februari 2014.[2] Pemeran Du Chun Ying Er Tingjia Chen R...
Entrance of the Pontifical Ecclesiastical Academy. The Roman Colleges, also referred to as the Pontifical Colleges in Rome, are institutions established and maintained in Rome for the education of future ecclesiastics of the Catholic Church. Traditionally many were for students of a particular nationality. The colleges are halls of residence in which the students follow the usual seminary exercises of piety, study in private, and review the subjects treated in class. In some colleges there ar...
الساعة الذريةمعلومات عامةتصنيف ساعة تاريخ الاختراع 3 يونيو 1955[1][2] تعديل - تعديل مصدري - تعديل ويكي بيانات الساعة الذرية وتعمل بالسيزيوم-133 «بإدارة الفيزياء والتكنولوجيا الفدرالية الألمانية» في مدينة براونشفايغ. الساعة الذرية FOCS 1 في سويسرا. وهي تعمل منذ عام 2004 ويبل...
1933 film The Weaker SexDirected byRobert SiodmakWritten byÉdouard Bourdet (play and screenplay) Henry KosterProduced byAndré HaguetStarringMireille Balin Victor Boucher Pierre BrasseurCinematographyArmand ThirardMusic byHenri VerdunProductioncompaniesLes Films André Haguet Nero FilmDistributed byCésar FilmsRelease date17 October 1933Running time95 minutesCountryFranceLanguageFrench The Weaker Sex (French: Le Sexe faible) is a 1933 French comedy film directed by Robert Siodmak and starrin...
English stand-up comedian, writer, and actor Hal CruttendenCruttenden performing in May 2005Born (1969-09-09) 9 September 1969 (age 54)London, EnglandOccupation(s)Comedian, actor, presenter, writerSpouse Dawn Coulter (m. 2000; div. 2022)Children2RelativesAbigail Cruttenden (sister)Websitehalcruttenden.com Hal Dominic Bart Cruttenden (born 9 September 1969) is an English stand-up comedian, actor, presenter, and writer. Early life Hal Dom...
Coordenadas: 47° 15' N 4° 5' E Gouloux Comuna francesa Localização GoulouxLocalização de Gouloux na França Coordenadas 47° 15' N 4° 5' E País França Região Borgonha-Franco-Condado Departamento Nièvre Características geográficas Área total 21,5 km² População total (2018) [1] 183 hab. Densidade 8,5 hab./km² Código Postal 58230 Código INSEE 58129 Gouloux é uma comuna francesa na região administrativa de Borgonh...
Letusan Gunung Taal 2020Letusan Gunung Taal 12 Januari 2020Gunung apiGunung TaalTanggal12 Januari 2020 – masih berlangsungJenisLetusan freatik, Letusan stromboliaLokasiBatangas, Calabarzon, Filipina14°00′38″N 120°59′52″E / 14.01056°N 120.99778°E / 14.01056; 120.99778DampakPaling tidak 1 orang terluka akibat hujan abu[1] Letusan Gunung Taal di Filipina dimulai pada 12 Januari 2020. Institut Vulkanologi dan Seismologi Filipina (PHIVOLCS) kemudian me...
Лениздат Основано 1930 Ликвидировано 2009 Страна СССР Россия Адрес Санкт-Петербург, набережная Фонтанки, 59 Владелец Ленинградский областной комитет КПСС Код Госкомиздата СССР 171 Префикс ISBN 5-289 Награды Веб-сайт lenizdat.org Медиафайлы на Викискладе Информация в Викиданн...
This article includes a list of references, related reading, or external links, but its sources remain unclear because it lacks inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (November 2015) (Learn how and when to remove this template message) Reading Like a Writer Cover of the first editionAuthorFrancine ProseCover artistRoberto de Viqde CumptichCountryUnited StatesLanguageEnglishGenreNonfictionPublisherHarperCollinsPublication date2006Media...
Chemical compound This article is about a non-clinically used progestin compound. For the pharmaceutical drug, see segesterone acetate. SegesteroneClinical dataOther names17α-Hydroxy-16-methylene-19-norprogesterone; 16-Methylene-17α-hydroxy-19-norpregn-4-ene-3,20-dione; 17α-DeacetylnestoroneIdentifiers IUPAC name (8R,9S,10R,13S,14S,17R)-17-acetyl-17-hydroxy-13-methyl-16-methylidene-2,6,7,8,9,10,11,12,14,15-decahydro-1H-cyclopenta[a]phenanthren-3-one CAS Number7690-08-6PubChem CID11823650Ch...
MentarangKecamatanKantor Camat MentarangPeta lokasi Kecamatan MentarangNegara IndonesiaProvinsiKalimantan UtaraKabupatenMalinauPemerintahan • CamatEdmundo, SE., M,Si[1]Populasi (2022)[2] • Total6.066 jiwa • Kepadatan11/km2 (30/sq mi)Kode Kemendagri65.02.01 Kode BPS6501110 Luas535,15 km²Desa/kelurahan9/- Mentarang adalah sebuah kecamatan di Kabupaten Malinau, provinsi Kalimantan Utara, Indonesia. Kecamatan Mentarang berbatasan...