Надморската височина во селото е 282 метри додека селото зафаќа површина од 4,3 км2. Од нив 142,4 хектари се обработливо земјиште, 260,9 хектари се шуми и 4,9 се пасишта[2]
Историја
Антички период
Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Пашаларка, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа 1,5 км југоисточно од селото и десно од патот за селото Ангелци, каде на простор од околу 100 х 100 m во приватна нива има голем број фрагменти од населбинска керамика, питоси и друго[3]. Според некои сознанија, името на селото е изведено од машкото лично име Едреник.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 72 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][7]. Подоцна, во 1912 година селото било обележано со топонимот Едрениково и тоа населено само со македонско население. Тогаш населбата била мала, стуткана во својот сопствен простор, малку подалеку од главната сообракајница.
Ова населено место во историјата е познато по битката на комитската чета на војводата Иван Тодев, познат уште како Бељал Чауш[8].