Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.140 метри.[2]
Селото е сместено на левата страна на Ботушка Река, десна притока на Мала Река. Реката ја исцртува северната атарска граница. Селото е свртено кон југ. Малку ниви се наоѓаат околу селото, додека шума има над селото.[3] Селото се наоѓа на источните падини на планината Добра Вода.
Во минатото, селото Ботушје претставувало една целина, поделено на два краеви: Горно и Долно Ботушје, оддалечени едно од друго 3 километри. И во двата дела куќите биле поделени на групи (маала), вообичаено групирани по родови, како што и се нарекувале.[3]
До Долно Ботушје води земјен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков.
Историја
Селото е старо. Во него малкумина се доселиле низ годините.[3]
Атарот е заеднички со селото Горно Ботушје и зафаќа површина од 26 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.628,7 хектари, потоа следи обработливото земјиште на површина од 412,7 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 384,3 хектари.[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 57 семејства и 4 неженети, сите христијани.[5]
На почетокот на XX век целото село потпаднало под српската пропаганда. Според митрополитот Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Ботуше има 46 „српски“ куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Од Долно Ботушје се иселил значителен број од неговото население, така што, селото прераснало од средно во мало село по големина. Во 1961 година селото броело 511 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 51 жител, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Ботушје имало 34 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Македонци и 1 лице без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото се: Ралушина (10 к.), Ѓулковци (3 к.) и Јанчевци (7 к.), староседелски родови; Аслана (15 к.), потекнуваат од некој говедар, кој дошол, но не се знае откаде; Сејдија (8 к.), водат потекло од некој Сејдија, кој е доселен, но не се знае откаде.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Долно Ботушје се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 март 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 23,023,123,223,323,423,523,6. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)