Дамјан Стојановски (роден на 9 декември 1987 во Скопје) — македонски кошарка и репрезентативец, кој моментално настапува во МЗТ Аеродром. Тој игра на позицијата крило. Тој е брат-близнак на кошаркарот Војдан Стојановски и е помлад брат на Огнен Стојановски.
Стојановски ја започнал кариерата во Вардар од Скопје. Подоцна, во текот на својата кариера, настапувал за АМАК СП од Охрид, со кој во 2009 година го освоил Купот на Македонија каде таму останал сè до распаѓањето на клубот. Потоа Дамјан играл една сезона во Вардар Осигурување, кога со клубот станал вицешампион. Тој го напуштил клубот поради негово распаѓање и одредено време односно две сезони играл за бугарскиот клуб Лукоил Академик, а потоа преминал во МЗТ Аеродром. Со овој клуб, тој бил шампион и освојувач на Купот на Македонија во сезоните 2012/2013 и 2013/2014. Притоа, Дамјан Стојановски бил прогласен за најкорисен играч во финалната серија во сезоната 2013/2014, во која МЗТ Аеродром го победил Работнички со 3:1 во победи.[1]
Во февруари 2015 година, Дамјан Стојановски бил прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2014 година.[2] Поради повредата при репрезентативните обврски во летото 2016,[3] Дамјан ја пропуштил сезоната 2016/17, станувајќи играч без клуб.
Во јуни 2017 година, тој повторно потпишал со МЗТ Аеродром.[4] Во јули 2018 година, Дамјан потпишал двогодишен договор со МЗТ.[5][6] Дамјан во сезоната 2018/19, го освоил македонското првенство. Во јули 2019 година, била потврдена соработката со МЗТ за сезоната 2019/20.[7][8] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој се договорил за нова соработка со МЗТ Аеродром.[9][10] Неколку дена подоцна, тој официјално го потпишал двогодишниот договор со клубот од Јане Сандански.[11] Во мај, тој го освоил и бил најкорисен играч на Купот на Македонија 2021.
Дамјан Стојановски е член на кошаркарската репрезентација на Македонија, со која учествувал на четири европски првенства во кошарка: Евробаскет 2009, Евробаскет 2011, Евробаскет 2013 и Евробаскет 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Дамјан бил четвртиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 40 бода на пет натпревари (8 по натпревар).[12] Во вториот натпревар за време на квалификациите за Евробаскетот 2017, Дамјан ги скинал лигаментите на десното колено при што морал да отсутвува шест месеци од кошаркарските терени.[3][13][14] Дамјан бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[15] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Дамјан.[16] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[17]
12 Антиќ • 14 Чековски • 13 Симоновски • 11 Гечевски • Илиевски • 5 Мираковски • 9 Д. Стојановски • 8 В. Стојановски • Димчевски • 6 Соколов • 15 Самарџиски • 7 Мекејлеб
Марин Докузовски (селектор)
5 Мираковски • 6 Соколов • 7 Караџовски • 8 В. Стојановски • 9 Д. Стојановски • 10 Костовски • 11 Гечевски • 12 Антиќ • 13 Симоновски • 14 Чековски • 15 Самарџиски • 20 МекКејлеб
Марин Докузовски (главен тренер)
Богоев • Димчевски • Гоцевски • Грин • Крстевски • Марковски • Мејси • Николовски • Петровски • Р. Стефанов • Вашингтон
4 В. Стефанов • 5 Мираковски • 6 Соколов • 7 Р. Стефанов • 8 В. Стојановски • 9 Блажевски • 10 Тасовски • 11 Гечевски • 12 Антиќ • 13 Д. Стојановски • 14 Мејси • 15 Самарџиски •
Јовица Арсиќ (главен тренер) • Марјан Лазовски (помошник тренер)
Илиевски • Богоев • Димитровски • Петровски • Ѓуров • Аврамовски • Вилкинсон • Гоцевски • Грнчаров • Вашингтон