Европското првенство во кошарка 2011 година е 37 регионално европско првенство организирано од ФИБА Европа. Првенството се одржува во Литванија. По независноста ова е првпат да се одржува европско првенство во оваа земја, но сепак Литванија била домаќин на европското првенство во 1939 година.
Домаќини
Натпреварите на европското првенство се одржуваат во четири национални арени во Литванија и тоа во: Арена Жалгирис, Арена Шијалиу, арена во Паневежис и арена во Клајпеда. Финалето се одржува во Арена Жалгирис.
На европското првенство во кошарка 2011 година учество земаат 16 национални екипи. Литванија автоматски е учесник на првенството како домаќин. Покрај Литванија, уште девет национални екипи кои учествуваат на светското првенство во кошарка 2010 обезбедиле директно учество на натпреварот.