Крилен центар (кошарка)

Тим Данкан

Крилен центар — назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема сила и придвижување. Често во кошаркарската терминологија за крилен центар се кажува и „четворка“.

Една од основните улоги на овој играч е помош на центарот во рекетот, како и во напад така и во одбраната. Меѓутоа во поновото време ваквите играчи сè повеќе се отвораат на шут од растојание. Со тоа често се добива слободен простор во рекетот за центарот. Овие играчи поради своите комбинирани позиции доста често ги содржат скоро сите кошаркарски особини: висина, сила, брзо движење и шут. Еден од најпознатите шутери на денешницата е крилниот центар и репрезентативец на германската кошаркарска репрезентација, Дирк Новицки.

Најпознат играч на оваа позиција бил Карл Малон, но исто така биле познати и Чарлс Баркли, Кевин Гарнет, Крис Бош, како и Тим Данкан.

Позиции во кошарката
Бекови Basketball half-court 1. Организатор на игра
2. Бек
Крила 3. Крило
4. Крилен центар
Центар 5. Центар
Капитен | Тренер

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!