Марјан Ѓуров (роден на 4 мај 1980 во Штип) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец.
Играчка кариера
Клупска кариера
Својата професионална кариера ја започнал во 1998 година во Годел Работнички. Со Работнички во неговата прва професионална сезона го освоил домашното Првенство. Во сезоната 1999/00, Ѓуров заедно со Работнички бил вицепрвак во Лигата и во Купот на Македонија 2000. Во следната сезона, Марјан Ѓуров со Работнички повторно ја освоил Лигата и повторно биле вицепрваци во Купот 2001. Во сезоната 2001/02, Марјан Ѓуров најпрвин го освоил Суперкупот 2001, па ја освоил Лигата, но повторно загубил од Никол Ферт во финалето од Купот 2002. Во сезоната 2002/03, Ѓуров со Фершпед Работнички ја освоил двојната круна. Марјан Ѓуров со Работнички повторно ги освоил двојните круни, во Лигата (2003/04, 2004/05, 2005/06) и соодносно во Купот (2004, 2005, 2006). За сезоната 2006/07, Ѓуров се преселил во Вардар Осигурување, притоа освојувајќи го Купот 2007. Следната сезона потпишал за Фени Индустри со кој го освоил Првенството 2007/08 и Купот 2008. Следната сезона, Ѓуров со Фени бил вицепрвак, губејќи од Фершпед Работнички во финалето. Во сезоната 2009/10, Ѓуров со кавадаречкиот клуб повторно ја освоил двојната круна. Во истиот тој Куп 2010, Ѓуров поради повреда не настапувал.[1] Следната сезона, Марјан Ѓуров го освоил Првенството. За сезоната 2011/12, тој ја продолжил соработката со Фени.[2] Тогаш во Лигата и во Купот 2012, Ѓуров со Фени Индустри бил вицепрвак, на во двата наврати губејќи од МЗТ Аеродром. Во август 2012 година, Ѓуроб му истекол договорот со Фени Индустри.[3][4] За сезоната 2012/13, Ѓуров се вратил во Работнички.[5] Со Работнички во сезоната 2013/14 бил вицепрвак во Лигата. Во својата последна сезона, Ѓуров со Работнички го освоил Купот 2015.
Репрезентативна кариера
Марјан Ѓуров бил член на уличната репрезентација на Македонија која се напреварувала на Светското првенство во улична кошарка 1998 во Париз, Франција. Таму тој добил прилика да се запознае со тогаш младите Коби Брајант и Трејси Мекгрејди, идните ѕвезди во НБА.[6] На првенството Ѓуров со репрезентацијата стигнале до четвртфиналето каде загубиле од Југославија. На крајот тие завршиле на шестото место од 36 репрезентации.[7]
Останата кариера
Марјан Ѓуров има завршено на Факултетот за физичка култура. Тој моментално предава кошарка на Спортската академија.[6]
Успеси
Титули
Работнички
- Прва македонска лига (7) : 1998/1999, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2004/05, 2005/06
- Куп на Македонија (5) : 2003, 2004, 2005, 2006, 2015
- Суперкуп на Македонија (1) : 2001
Вардар
Еуро Никел 2005
|
Признанија
- Најдобар одбранбен играч на Купот на Македонија - издание 2007
- Одбранбен играч на сезоната 2006/07[8]
- Најдобра одбранбена петорка на сезоната 2006/07[8]
- Најдобра одбранбена петорка на сезоната 2007/08[9]
- Почесно споменување во сезоната 2007/08[9]
|
Наводи
Надворешни врски