На почетокот од XIX век, од областа Булчица, во северна Албанија, се иселиле браќата Алил и Кадри Тока. Кога дошле во Полог, тие најпрвин се задржале во полското село Долно Седларце. Меѓутоа, ним не им се допаднало мочуришното земјиште, па преминале во денешното шарпланинско село Горно Палчиште. Тука овие браќа основале два големи рода: Кеке (31 куќа од Алил Тока) и Туракве (25 куќи од Кадри Тока)[10]
Горно Палчиште е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Туракве (25 к.) и Кеке (31 к.) доселени се од Булчица во северна Албанија. Потекнуваат од двајца браќа. Во родот Туракве се знае следното родословие: Алил (жив на 60 г. во 1948 година) Абдула-Муарем-Абдула-Алил Тока, основачот на родот.
Во селото постојат избирачките места бр. 2060, 2065 и 2065/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект м.з. Чифлик (денес одделно село) и основното училиште.[12]
Пред во селото да се населат муслимански Албанци, во селото живееле православни Македонци. Денес се знае за родот Аџагулевци кои се иселиле во градот Тетово. Исто така се знае и за родот Николовци кои се иселиле во селото Лактиње во Дебрца.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“