Израснал во сиромашно занаетчиско семејство. Основното и граѓанското училиште го завршил во Кратово ѝ во 1934 година бил примен на Воената пиротехничка школа во Крушевац. Годините што ги минал во военото училиште и крушевачката средина му дале можност освен пиротехничката вештина да научи уште многу од животот, се запознал со идеите на комунизмот, работничкиот пролетаријат и неговата борба против капитализмот. По завршување на военото училиште стапил на работа на воениот аеродром во Скопје. Преку извршени разни задачи, бил оценет дека е напреден младинец, па со тоа бил примен за член на КПЈ.[1]
Втора светска војна
По капитулацијата на Кралството Југославија, во 1941 година се вратил назад во Кратово. Бил примен на работа во општината, а подоцна бил назначен за службеник во околискиот суд. Уште веднаш, по враќањето во Кратово, се поврзал со другите другари од детството, како Владо Гаџев, Цветко Тонев, Јове Гичев и други. Со нив работел на формирање партиска организација и активно учествувале во извршувањето на сите поставени задачи. Во својата активност особено се истакнувал во печатењето и умножувањето на летоци, извадоци од весникот „Дедо Иван“, пишување писма и друг пропаганден материјал. Во почетокот, како службеник во судот тајно ја носел дома машината за пишување, а подоцна партиската организација од средствата собрани како црвена помош набавила машина за пишување и му ја доверила нему. Бугарските власти го следеле, сослушувале и честопати вршеле претрес на нивната куќа. Во февруари 1944 година, Бугарите уапсиле поголема група младинци и ги префрлиле во скопскиот затвор. Гоче и другите членови на КПЈ оцениле дека не можат повеќе да останат безбедни во Кратово, па затоа заедно со Јове Гичев и Страхил Досевски преминале на кумановскиот терен (на 16 февруари1944 година), а на 26 февруари1944 година се приклучил како борец на Треттатa македонска ударна бригада. Во сите борби се истакнал како добар борец и вешт пиротехничар. Во борбата што ја водела бригадата крај селото Костурино, бил ранет на повеќе места и префрлен во партизанската болница на планината Плачковица. Болницата била откриена, опколена ѝ Гоче со другите болни бил заробен и спроведен во штипскиот затвор.[1] На 29 јули1944 година без судска пресуда Гоче е стрелан во Штип, на десниот брег на реката Брегалннца, на истото место каде неколку месеци порано, Бугарската полиција ја стрелала ѝ неговата сестра Вера Пазаванска.[1][2]
Во неговиот роден град, Кратово, именувана е улица по неговот име.[3]