1531
|
Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
|
1815
|
Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
|
1848
|
Британскиот воен транспоретен брод „Беркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
|
1901
|
По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
|
1909
|
Отоманското Царство ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
|
1915
|
Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен.
|
1918
|
Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
|
1936
|
Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
|
1984
|
Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут.
|
1987
|
Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници.
|
1991
|
По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји.
|
1992
|
Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
|
1993
|
Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени.
|
2004
|
Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
|
2008
|
Пуштена Енциклопедијата на живиот свет.
|