Јовица Јовановски

Јовица Јовановски (3 јули 1964, Скопје - 26 февруари 2015, Скопје) — македонски музичар и џез гитарист.

Роден е во Скопје, каде завршил основно и средно образование. Како гитарист бил активен во повеќе ансамбли и жанрови, подоцна фокусирајќи се исклучиво на џезот. Неговите настапи претежно се врзани со вокалистката Марија Димитријевиќ, со која често настапувал во џез дуо формација.

Познат по својот широк џез репертоар, а популарен како версатилен гитарист, настапувал со најдобрите џез имиња од регионот. Во 2010 со Димитријевиќ го издаваат албумот “Make Someone Happy” во издание на Скопски Џез Фестивал, со Иван Бејков на контрабас, Александар Секуловски на тапани, а како гостин на албумот се јавува трубачот Џемал Цекиќ.

Во издание на Џез ФМ пак, снимки од негови живи настапи се наоѓаат на колажното издание “Dal Met Fu Sessions” каде покрај триото на Димитријевиќ и Јовановски (со Зоран Павлоски на контрабас), сместени се и снимки од бендовите на најдобрите македонски џез имиња (Тони Китановски, Дамир Имери, Георги Шарески и Оливер Дуев).

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!