Дедо Иван (весник)

Дедо Иван
Насловна страница на 3-от број на весникот.
Типилегален весник
Формат21cm х 17cm
СопственикМК на КПЈ за Куманово
Уредник Апостол Зордумис – Толи
РедакцијаБојан Зафировски, Панче Пешев, Кочо Попов и Лазар Соколов
Основан15 август, 1941 година
Јазиккумановски дијалект на македонски јазик
Престанал15 септември, 1941 година
Обновенпод името Партизан
СедиштеКуманово

Дедо Иван — македонски илегален весник, орган на Месниот комитет на КПЈ во Куманово.[1][2] Весникот се издавал во периодот од 15 август до 15 септември 1941 година и бил пишуван на кумановски дијалект.[3][4] Објавени се три броја, формат 21 х 17, умножени на партиската техника на циклостил. Одговорен уредник бил Апостол Зордумис – Толи, а членови на редакцијата биле и Бојан Зафировски, Панче Пешев, Кочо Попов и Лазар Соколов.[5] Првото издание е печатено во куќата на Јордан Цеков - Дане.

Во трите излезени броја се печатени статии за борбата на Советскиот Сојуз против Германците, за состојбата во Македонија под окупацијата, за борбата на сите фронтови во Европа и слично.[2]

Како што било испишано во самиот гласник, целта на весникот била:

Ов’ј лис има да биде стожер около кога ќе се збере све што је поштено, све што сака да се бори за ослободување на Македонију од туѓи окупатори...[6]

Во врска со името на весникот, во статијата „На сета чесна јавност“, („Дедо Иван“, бр. 1, 15 август 1941 година) пишува: „Од благодарност што Советскиот Сојуз – Дедо Иван – прв јавно пред целиот свет изјави дека македонскиот народ има право на слобода и рамноправност со сите други народи и што му нуди помош од Црвената армија, која сега со железна тупаница им ја разбива муцката на крвничките германски фашисти, од таа благодарност му го даваме на овој наш весник популарното име на нашиот заштитник СССР – Дедо Иван.“[7]

Октомврискиот четврти број, било вонредно издание и името на весникот било променетоо во Партизан“, а целиот бил посветен на излегувањето на Кумановскиот одред.[2]

Наводи

  1. Документи за Народноослободителната војна и Народната револуција во Куманово и Кумановско 1941-1942, (второ дополнето издание), Куманово, мај 1980, 83–181.
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 145. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 403–406
  4. Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006, 23 стр.
  5. Зборник трудови од историјата на македонскиот печат, Скопје, 1987, 271–281
  6. ДАРМ – Скопје, инв. бр. 240
  7. Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006, 24 стр.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!