Главен штаб за II Битолски револуционерен округ

Дел од темата „Борис Сарафов

Главниот штаб за II Битолски револуционерен округ бил највисокото раководно тело во Битолскиот револуционерен округ во текот на Илинденското востание [1]. Во надлежност на Штабот биле сите востанички сили и дејствија во Битолскиот округ, но мерките и актите кој овој Штаб ги презел или донел влијале во целина во текот и искодот на Илинденското востание

Формирање

Даме Груев
Борис Сарафов
Атанас Лозанчев

Смилевскиот конгрес уште од првото свое заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање додека пак нивните заменици со тајно гласање [2].

Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили [2], како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот.

Активност на Главниот штаб

Датум за востание

Со формирањето на ГШ Македонската револуционерна организација влегла во својата востаничка атмосфера. Штабот таквата состојба ја официјализирал со своето прво Окружно до Центровите, селските началници и народот од 27 мај 1903 година.

По завршувањето на Смилевскиот конгрес Штабот презел разни дејнсоти за засилување на подготовките за востание. Даме Груев и Борис Сарафов со чета започнале обиколка низ Охридско, Преспанско, Ресенско, Кичевско, Демихисарско, Крушевско и Костурско. При оваа обиколка биле изработени детални планови за започнување на востанието во секој реон во зависност од месните услови.

Глaвниот штаб од страна на Смилевскиот конгрес бил овластен да го одреди датумот за започнување на востанието. По долги натегања на 14 јули Даме Груев, Борис Сарафов кај селото Буф востанието да се крене на 2 август на празникот св. Илија [3].

На 22 јули, Главниот штаб ги известил горските началства дека востанитето ќе започне на 20 јули - стар стил (2 август) [4]. Централниот комитет го прифатил датумот за кревање на востанието и на другите револуционерни окрузи им го препорачал, а било дадено и појаснување дека востанието ќе започне:

не вечерта спроти Илинден, туку вечерта на св. Илија [5]

Исто така бил испратен и Општиот план за востанието во кој било потенцирано дека: Целта на востанието не е да ја победиме Турција, туку таа да не може да не победи [5].

Предупредување до дирекцијата на Источните железници

Пред да започне востанието ГШ испратил предупредување до дирекцијата на Источните железници, во кое било истаканто дека во текот на востанието ќе бидаат преземени напади по железничката линија. Затоа ГШ тргнувајќи од човечкиот долг ја предупредил дирекцијата да не се дозволи во екот на востанието населението во Македонија да патува со Источните железници за де избегнат невини жртви.

Дирекцијата пак од своја страна оваа предупредување го сфатила сериозно и објавила дека таа не може да ја гарантира безбедноста на патниците на линијата Битола - Солун.

Смилево

На празникот св. Илија во Смилево постоела голема раздвиженост. Самиот празник ги прикривал активностите за востанието. Жените и децата пред очите на војската разнесувале муниција и сопштенија до пунктовите за напад. Даме Груев заедно со ГШ се наоѓал над селото Бигла.

Приквечер во селото војничката османлиска труба го означила времето за вечерната молитва. Кога османлиските војници извикале Падишах чок јаша, од спротивните куќи изгрмел плотун, а од сите страни се слушнало Долу Султанот!, Долу Турција! и Ура! Веднаш потоа ГШ на чело со Даме Груев слегле во селото и се соединиле со четите што ја започнале борбата.

На 3 август Генерал штабот наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно.

Во тој период под раководство на Стојан Донски биле преземени мерки за утврдување на Смилево, биле ископани одбранбени ровови со што се зацврстиле одбранбените востанички позиции. Населението кое не било способно да се бори и понатаму се наоѓало во збегот Голем Гар каде биле организирана заедничка исхрана, а биле преземени мерки за негова заштита [1].

Напад врз Главниот востанички штаб

Османлиска армија

На 25 август османлиската армија започнала со напад на востаничката област Ѓавато-Смилево. Во нападот учествувале 10 баталјнои со јачина од 12 000 војници под команда на Бахтијар паша.

Истиот ден, биле разбиени востаниците во Ѓавато раководени од Ѓорѓи Сугарев. а востаниците морале да се повлечат кон Смилево. Од османлиската артилерија настрадале селата Цапари и Ѓавато. Селаните од Ѓавато се засолниле во збегот Голем Гар.

На 26 август Турците почанле со оклолување на Смилево, а бројот на востаниците во селото се икачил на 600 души. Османликата сили со поддршка на артилеријата, на 28 август започнале со напад на Смилево.

Одбраната била раководена од Даме Груев и Ѓорѓи Сугарев, а востаниците во првите часови давел силен отпор, меѓутоа набргу паднале востаничките позиции кај манастирот „Св. Петар“, Гробот, Горановец и Арамиски камен. Откако паднала востаничата колона кај Арамсикот камен дел од турската војска се упатила кон збегот Голем Гар и бил извршен масакар врз неборбеното население. Биле убиени 56 души, меѓу нив имало три неделни бебиња и 80-годишни старци, имало многу обесчестени, ранети и ограбени.

Бугарскиот трговски агент Андреј Тошев, во својот извештај од 24 август 1904 година истакнал дека во Ново Смилево биле масакрирани 37 души, во Старо Смилево 8 души и во село Ѓавато 11 души. Вечерта Смилево било запалено, а во пресрет на празникот св. Богородица, по вторпат горело. Според турските извори во Старо Смилево изгореле 7 куќи, а во Ново Смилево 400 куќи. Даме Груев со смилевските чети да се засолни во Голем Гар. Во збегот Груев им кажал на селаните дека четите преку ноќ ќе го напуштат збегот за да им избегаат на турските потери, но со тоа самите селани ќе бидат изложени на нов масакр. Затоа Даме им кажал на селаните да се предадат на турската власт. Востаниците успеале да се пробијаат, а селаните следниот ден се вратиле во селото и се предале на војската.

Демихисарско

По падот на Смилево, Даме Груев со четите се повлекол во востаничката база Нива Орница кај селото Боиште Демирхисарско. Во оваа област се нашла и турската армија, а Даме Груев со четите повторно се вратил во околината на Смилево. Армијата откако го проверила Демирхисарско заминала за Битола и Кичево, Груев повторно со четите се врати во Демирхисарско, таму дошло до поголема концентрација на востаници, тука се нашле и востаниците од Крушевско и Битолско, околу 1000 души.

Османлиската армија против оваа групација на востаници повторно тргнала во офанзива. Биле ангажирани 10 000 војници и башибузлук, 14 топа и 4 коњанички ескадрони. Армијата се движела во 4 правци, од Смилево кон Слепче, Церово-Вирово, Ресен преку Црн Врв, Охридско-Плеќе.

Главниот востанички штаб бил навремено известен и биле преземни контрамерки. Востаниците се поделиле на три одреди и се рапоредиле меѓу селата Боиште и Слоештица во должина од 15 километри. Во средината на фронтот се наоѓал Главниот Штаб со 300 востаници [1], на левото крило биле распоредено 250 востаници на чело со Ѓорѓи Сугарев, а на десното крило кај Вирово и Церово биле распоредени околу 430 востаници.

Битката кaј Слоештица

Утрото на 30 септември 1903 година започнала битката. По двочасовни борби, левото крило на востаниците било загрозено од правецот Лесково, затоа тоа се повлекло кон центарот за да го заштитат Главниот штаб. Меѓувреме десното крило кое било напаѓано од три страни давало силен отпор, но по силниот артилериски оган и тие биле принудени на повлекување, меѓутоа успеале да заземаат добри позиции во Церовата гора, а тука подоцна пристигнале и востаниците од Вирово и Боишките планини. Пред стемнување востаниците успеале со јуриш да го пробијат обрачот на армијата и се упатиле кон Смилево и боишките шуми, а други кон Церовските Палнини и кон Вирово. Во текот на Битката загинале 17 востаници, а 11 биле ранети. Христо Силјанов истакнува дека:

оваа битка може да се нарече лебодова песна на Востанието во Битолско [1]

Очај

Писмо од главниот штаб на II револуционерен округ до владите на големите сили со кое се известува за теророт на турските власти и се бара заштита на македонското население (јули 1903)

Герилската тактика во почетокот на востанието дала резултати, востаниците во првите денови имале иницијатива. Но откако започнала офанзивата на османлиската армија, востаниците биле принудени да се повлекуваат и да избегнуваат дирекни судири со турската армија.

Со Општиот план било предвидено населениетода не учствува во борбите, но постепено востанието во Македонија и Одринско добивало масовен карактер. Откако армијата почнала со систематско палење на селата, при востаниците се создале големи збегови, со што дополнително се влошиле позициите на востаниците кои сега требало да го бранат населението.

Македонската револуционерна организација, нејзините раководители, Смилевскиот конгрес и Главниот востанички штаб сметале дека турската армија нема да посегне толку жестоко по цивилното население. Самиот Даме Груев истакнал:

Не верувавме дека Турците ќе се решат да прибегнат до таква жестокост - сосема да го разорат населението [6]

Меѓутоа централната власт по совет на германската дипломатија и дозволила на својата армија систематски да го гони и уништува неборечкото население, при што биле изгонети, убиени голем број на жени, деца и старци, голем дел од турските села биле пеплосани.

Главниот штаб на 30 јули 1903 година испратил Мемоар до големите сили во кој било истакнато дека:

Турската влада, чувствувајќи се бесилна да ги уништи дирекно нашите вооружени сили, им препорача на своите војски еден од најварварските начини за задушување на движењето што се состои во ограбување и горење на христијанските села и во обесчестување и убивање на жени и деца [7]

Мемоарот останал без ефект, а турската армија продолжила со дејствата против неборечкото население. Сето тоа придонело Главниот штаб, по палењето на Крушево и Смилево, по масакрот во збегот Голем Гар, да размислува за идната тактика на востанието.

На 22 септември во Слоештица, Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев имале средба. На оваа средба Сарафов предложил да се побара воена интервенција од Бугарија. Меѓутоа никој од нив не сакал да замине во Бугарија за да бара помош. Затоа истиот ден Главниот штаб се обратил писмено до бугарската влада, во писмото било истакнато дека Главниот штаб поради:

Писмо на Главниот штаб до бугарската влада
критичната и ужасна положба (се обратил до бугарската влада б.н), бугарското населнени во Битослкиот вилает по извршените опустошувања и жестокости од страна на турските војски и башибузлук, и со оглед на тоа дека тие опустошувања и жестокости на сиситематски начин продолжуват и не може да се види до каде ќе отидат[1]

Во панатамошниот текст до бугарската влада била објаснета состојбата во Битолскиот вилает и Главниот штаб изразил чудење зошто бугарската влада:

продолжува да гледа со ладнокрвност на систематското истребување на бугарскиот народ

и било побарано од бугарската влада да притекне на помош со војна. Меѓутоа и самиот иницијатор на писмо Борис Сарафов, не верувал дека тоа ќе даде резултати [4]. Треба да се истакне дека ова писмо на Главниот штаб до бугарската влада од страна на бугарската историографија се користи за докажуавње на бугарскиот карактер на Илинденското востание и македонското население.

Во момент на силно атакување на турската армија против мирното население и востаниците, на Главниот штаб му бил потребен сојузник во борбата против Отоманското Царство, тие се надевале во помошта на Бугарија и отворањето на нов фронт на исток со кои би се олесниле позиците на востаниците во Македонија и во Одринско.

Даме Груев, во иститот тој период, во писмото до Хусеин Хилми паша истакнал:

Паша ефенди, Се обраќам кон Вас, не дека толку ми е пријатно и дека нешто сакам од Вас - да не даде Алах да сакам нешто од турски паша! - не, јас едноставно Ви препорачувам да обрнете внимание на моите зборови. Можам да ве уверам дека нема да ги повторувам. Досега сте можеле да се убедите дека Македонците си стојат на зборот, и Вам, имено Вам, би Ви следело да ги научите од нас правилата на воена чест. Но, да не говориме за тоа што нема да биде. Да, Ви беше познато дека општото востание се крена по Ваша вина. Вие, и само Вие сте виновни, за сите ужаси и насилстав извршени по Ваша заповед. Ние долго и многу трпевме и нашето трпение се исцрпува. Ве предупредуваме дека ако во септември не наредите да се прекинат насилствата, грабежите и колежот на мирното немухамеданско население, тогаш ние со волјата на Семожниот создател, откако ќе и се покориме на злата неопходност. ќе извршиме такви ужаси над мухамеданското население, така што ќе ви се крене косата на Вашата глава. Вие можете да ги убедите претставниците на европските држави дека речиси сте го задушиле Востанието, може да говорите се: може да говорите што сакате, но, Вие никогаш нема да не убедите дека откако ќе се покориме и ќе го положиме нашето оружје дека ние ќе имаме гарнации за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов заповед по цела Македонија на никој начин да не Ве слушаат и да не Ви веруваат, а кој ќе Ве послуша Вас, ќе плати со својот живот. Впрочем, Вие сте должни со нас да водите правилна војна, бидејќи во спротивен случај ние ќе ги опожариме сите турски села и ќе ги истребиме нивните жители. Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата. До вашето назначување, ние ќе се задоволевме со обични реформи, но сега нема да не купите така евтино. Имајте предвид дека нашите чети се снабдени со доволно количество на потребности и ние ќе умееме да се бориме со Вас десетици години. Ако Бурите го зачудија светот со својата борба против Англија, тогаш ние уште повеќе ќе го зачудиме. Јас Ви кажав. Вашата работа е да ми поверувате на зборовите[8]

Демобилизација

Палежите на селата, апелот на османлиската власт за враќање на неселението по селата, советите на конзулите, гаранаците за амнестија и гласините за реформи придонеле Главниот штаб да почне да размислува за распуштање на востаничките сили.

На 2 октомври 1903 година, Главниот штаб над Смилевската корија донел одлука за организирана демобилизација на востаниците. Планот за демобилизација предвидувал, распуштање на востаниците и нивно враќање дома, собирање и складирање на оружјето, засолнување на компромитираните револуционерни раководители и дејци, раководниот кадар на теренот да биде сведен на минимум, а веднаш потоа Борис Сарафов заминал за Софија.

Даме Груев започнал со спроведување на планот за демобилизација и успеал да собере околу 350 пушки. Груев на компромитираните востаници им советувал да не се предваат на турската армија туку на дипломатсикте престваници.

По објавувањето на демобилизацијата во Битолско останале Даме Груев, Атанас Лозанчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев и други.

Извори

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)
  2. 2,0 2,1 Васил Чакаларов Дневник 1901-1903 г
  3. Манол Пандевски, Македонското ослободиѕелно дело..., том втори, 267
  4. 4,0 4,1 Спомени на Борис Сарафов
  5. 5,0 5,1 Љубен Лапе, Нови документи за Илинденското востание, Илиндеснки зборник 1903-1953, Скопје, 1953
  6. Спомени на Дамяан Груевъ..., 24
  7. Извештаи од 1903-1904 година на австриските претсвници од Македонија..., 71
  8. Даме Груев - Спомени, Коресподенција..., 223

Предлошка:МРО

Read other articles:

العضلة الأنفية الاسم العلميmusculus nasalis صورة تظهر عضلات الرأس والوجه والرقبة، (الجزء الأيسر من العضلة الأنفية). تفاصيل عمل العضلة ضغط الغضاريف الأنفية و نفخ فتحات الأنف. الشريان المغذي الشريان الشفوي العلوي الأعصاب الفرع الشدقي من العصب الوجهي نوع من كيان تشريحي معين  [لغ

 

Pengepungan GazaBagian dari Perang Aleksander AgungLukisan Gaza ole David RobertsTanggalOktober 332 SMLokasiGazaHasil Kemenangan Makedonia.Perubahanwilayah Aleksander memperoleh Mesir.Pihak terlibat Makedonia,Sekutu-sekutu Yunani Kekaisaran AkhemeniyahTokoh dan pemimpin Aleksander Agung Batis (POW)Kekuatan 45,000 15,000 tentara Mesir, 46,000 totalKorban 3,760 19,000 Dalam Pengepungan Gaza, Aleksander Agung, dengan cara memanfaatkan mesin-mesin perang yang dia gunakan melawan Tyre, sukses...

 

Мальцев Олег Вікторович Народився 17 квітня 1975(1975-04-17) (48 років)ОдесаМісце проживання ОдесаКраїна  УкраїнаДіяльність психолог, популяризатор науки, письменник, лектор, адвокат, філософAlma mater Перший Московський кадетський корпусОНУ ім. І. І. МечниковаГалузь гли

ПАТ Банк Національний кредит Тип Публічне акціонерне товариствоДіяльність Комерційний банкСпеціалізація Фінансові послугиДевіз Банк приємних емоційЗасновано 1996Головний офіс м. Київ, вул. Тургенєвська, 52/58Ключові особи Голова Спостережної ради: Оністрат Андрій Аркад...

 

У Вікіпедії є статті про інші значення цього терміна: Нова громада. Нова громада Титульна сторінка другого випуску журналу за лютий 1906 рокуТип місячникМова українськаМісце публікації Київ Засновано 1906Головний редактор Борис ГрінченкоПрипинення публікацій 1906Головни

 

كينبونكبورت    علم الإحداثيات 43°21′42″N 70°28′36″W / 43.361666666667°N 70.476666666667°W / 43.361666666667; -70.476666666667  تاريخ التأسيس 5 يوليو 1653  تقسيم إداري  البلد الولايات المتحدة[1]  التقسيم الأعلى مقاطعة يورك  خصائص جغرافية  المساحة 49.35 ميل مربع  ارتفاع 8 متر ...

Bahasa Slavonia Gerejawi Kuno ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ ⰧⰈⰟⰊⰍⰟсловѣ́ньскъ ѩꙁꙑ́къslověnĭskŭ językŭ Slavia Gerejawi Kuno Dituturkan diDahulu di daerah Slavia di bawah pengaruh Kekaisaran Bizantium (baik Katolik maupun Ortodoks)Wilayah Eropa Tenggara Eropa Timur Eropa Tengah Eraabad ke-9 hingga ke-11 M; kemudian berkembang menjadi bahasa Slavonia Gerejawi (secara tertulis) dan bahasa Bulgaria Pertengahan (secara lisan dan tertulis)Rumpun bahasaIndo-E...

 

Фумідзукі 文月 Служба Тип/клас ескадрений міноносець типу «Муцукі» Держава прапора Японія Належність Корабельня верф Fujinagata у Осаці Закладено 20 жовтня 1924 Спущено на воду 16 лютого 1926 Введено в експлуатацію 3 липня 1926 На службі 1926 – 1944 Загибель 18 лютого 1944 потоплений на Труц...

 

4th episode of the 2nd season of Lost Everybody Hates HugoLost episodeEpisode no.Season 2Episode 4Directed byAlan TaylorWritten byEdward KitsisAdam HorowitzFeatured musicMy Conversation by The Uniques ft. Slim SmithUp on the Roof by The DriftersEasy Money by Billy JoelWaste Awhile by SollyProduction code204[1]Original air dateOctober 12, 2005 (2005-10-12)Running time43 minutes[2]Guest appearancesL. Scott Caldwell as Rose Nadler Sam Anderson as Bernard Nadle...

Campeonato Mundial deEsportes Aquáticos de 2011Saltos ornamentaisIndividual1 mMasculinoFeminino3 mMasculinoFeminino10 mMasculinoFemininoSincronizado3 mMasculinoFeminino10 mMasculinoFemininoMaratona aquática5 kmMasculinoFeminino10 kmMasculinoFeminino25 kmMasculinoFeminino4×1,25 km MistoNataçãoLivre50 mMasculinoFeminino100 mMasculinoFeminino200 mMasculinoFeminino400 mMasculinoFeminino800 mMasculinoFeminino1500 mMasculinoFemininoCostas50 mMasculinoFeminino100 mMasculinoFeminino200 mMasculin...

 

Королева-девственницаThe Virgin Queen Жанр документальная драма Сценарист Пола Милн Режиссёр Коки Гедройц В ролях Энн-Мари ДаффТом ХардиЯн ХартСиенна Гиллори Композитор Мартин Фиппс Страна Великобритания Язык английский Серий 4 (237 мин) Производство Исполнительный продюсер С...

 

Bengali-language novels Bengali literature বাংলা সাহিত্যBengali literatureBy category Bengali languageBengali language authorsChronological list – Alphabetic ListBengali writersWriters – Novelists – PoetsFormsNovel – Poetry – Science FictionInstitutions and awardsLiterary Institutions Literary PrizesRelated Portals Literature Portal India Portal Bangladesh Portalvte Part of a series on theCulture of Bengal History People Bangal Bengali Muslims Bengali Hindus ...

British television series The Greatest DancerGenreDance competitionCreated bySycoDirected byJulia KnowlesPresented by Alesha Dixon Jordan Banjo Starring Amelia Wilson Curtis Pritchard Judges Matthew Morrison Oti Mabuse Cheryl Todrick Hall Country of originUnited KingdomOriginal languageEnglishNo. of series2No. of episodes18ProductionExecutive producersAmelia BrownNigel HallLouise HutchinsonProducers Iain Peckham Clara Marshall Production locationsICC Birmingham (auditions)LH2 Studios (live sh...

 

كلمة منحوط في تظاهرات نسوية النَّحْط[1] (لفظ منحوت من نحت طرفي)[1] أو لفظ اختصار هو كل لفظ مركب من أوائل حروف مجموعة من الكلمات من باب اختصارها، وتُسمى الكلمة المولدة بهذه الطريقة منحوطة.[1] وقد سمّي هذا الفعل أيضًا بـ أكرونيم أو علامة الاختصار[2] أو اللفظة الأو...

 

В Википедии есть статьи о других людях с фамилией Кальченко. Николай Карпович Кальченко Дата рождения 10 июня 1925(1925-06-10) Дата смерти 1 июня 1995(1995-06-01) Страна  СССР Род деятельности военнослужащий Награды и премии Николай Карпович Кальченко (10 июня 1925 года, Ростовск...

هذه المقالة تحتاج للمزيد من الوصلات للمقالات الأخرى للمساعدة في ترابط مقالات الموسوعة. فضلًا ساعد في تحسين هذه المقالة بإضافة وصلات إلى المقالات المتعلقة بها الموجودة في النص الحالي. (يونيو 2018) رخصة القيادة في ألبانيامعلومات عامةالبلد ألبانياتعديل - تعديل مصدري - تعديل وي...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Rescue archaeology – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (January 2020) (Learn how and when to remove this template message) Horse grave in a Roman moat in the heart of London Rescue archaeology, sometimes called commercial archaeology, preventive archa...

 

Road in Malaysia Selangor Route 52Major junctionsNortheast endLangat DamMajor intersections Jalan SemenyihB62 Jalan Ampang-Hulu Langat Jalan Sungai Tekali FT 1 Federal route 1Southwest endCherasPekan Batu Sembilan (Bt-9) LocationCountryMalaysiaPrimarydestinationsKuala Lumpur, Hulu Langat (Pekan Batu Empat Belas (Bt-14)), Dusun Tua, Sungai Congkak, Sungai Gabai, Semenyih Dam, Semenyih Highway system Highways in Malaysia Expressways Federal State Jalan Hulu Langat (Selangor state rout...

Bangladeshi sprinter This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This biography of a living person relies on a single source. You can help by adding reliable sources to this article. Contentious material about living people that is unsourced or poorly sourced must be removed immediately. (September 2012) (Learn how and when to remove this template message)This article includes a list ...

 

No debe confundirse con la vecina provincia de Shaanxi. Shanxi山西 - Shānxī Provincia Coordenadas 37°52′24″N 112°33′52″E / 37.873333333333, 112.56444444444Capital Taiyuán • Población 2 752 515 (2006)Idioma oficial Chino mandarínEntidad Provincia • País República Popular ChinaSecretarioGobernador Zhang Baoshun Wang JunSubdivisiones 11 prefecturas119 distritos1388 pueblosSuperficie Puesto 20.º • Total 156 700 km²(de 33)Población (2...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!