Од друга страна пак Софиското друштво добило задача да ги организира непоканетите друштва[1].
Врховниот комитет за да се осигура дека нема да присуствуваат непожелните друштва, внимателно ги проверувал полномоштвата кои ги испаратил и тоа одзело неколку дена[1].
Истовремено непризнаените друштва се организирале за да го усогласат ставот кон Иван Цончев. Притоа Борис Сарафов сакал да се пробијата со кама и револвер, што било одбиено од Ѓорче Петров, притоа опозициските делегати решиле да учествуваат на конгресот[1].
Работа
Конгресот ги разгледал односите помеѓу ТМОРО и Врховниот комитетВрховен македонско-одрински комитет, притоа било истакнато дека ТМОРО не е во состојба да го снабди населението во Македонија со оружје и да крене револуција и било осудено Задграничното претставништво на организацијата [1].
Гоце Делчев одбил да зборува на конгресот, бидејќи не им било допуштено на сите делегати да присуствуваат. Конгресот го повикал да даде образложение за неговото држење, на што Делчев одговорил писмено, притоа до конгресот се обратил како:
На тој начин сакал конгресот да го сведе на ниво на собрание и да го доведе во прашање неговиот легитимитет, и притоа истакнал:
„
Во моите очи собранието на луѓето, кое ме кани на објаснување, не претставува вистински израз на дејците по македонското дело, бидејќи уште многу претставници на друштва... не се допуштени во него... Од друга страна, не би сакал да давам отчет на оние, од чии дејства Внатрешната организација се мачи повеќе, отколку од турските власти[2]
“
Писмото на Делчев на конгресот требало да биде прочитано од страна на Никола Наумов, но тој во тоа бил спречен [1].
Бидејќи опозицијата била слаба, таа решила да го напушти конгресот, а на него останале 41 делегат.
Тие за претседател го избарале повторно Стојан Михајловски и Иван Цончев за потпретседател. По конгресот Врховниот комитет продолжил со своите провокации во Македонија[3]
Извори
↑ 1,01,11,21,31,41,51,61,7П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979.
↑Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за Историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!