Наумов е роден околу 1871 година во градот Штип, тогаш во Отоманското Царство. Студирал во бугарската гимназија во Солун, но е исклучен за учество во ученичкиот бунт во 1888 година. Образованието го продолжил во Белград. Со група на македонски студенти се префрла во Софија каде што се школува при Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски ".
Кон крајот на 1890 година е меѓу протагонистите на Македонското студенско друштво[1]. По убиството на бугарскиот министер Христо Белчев, заедно со Даме Груев е уапсен и исклучен од софискиот унивезритет. Во април 1891 година Наумов заедно со Даме Груев ја минал границата и се вратил Македонија. Од 1891 година до летото 1894 година е учител низ разни населени места во Македонија, вклучително и во Солун.
Во почетокот на 1903 година е четник при Гоце Делчев. Во 1904 година е меѓу уредниците на Мемоарот на Внатрешната организација[3]. Од 1905 до 1907 година го издава легалниот политички орган на Македонската револуционерна организација, списанието "Македонско-одрински преглед". По Хуриетот во 1908 година е дописник на Бугарското министерството за надворешни работи во Солун.
Во 1913 година уредува весникот "Изгрејсонце", а од 1913 до 1915 година весникот "Политика". Пратеник е во XVII бугарско народно собрание (1914-1919) од Струмичка околија [4][5][6].
Извори
↑Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет
↑П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979.
↑Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 348.
↑Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 38.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 114.