Роден е во Охрид. Основно образование завршил во родниот град. Учителствува во Охридско (1855-1857). Потоа го продолжува студирањето во Русија (1858 година). На Московскиот и Киевскиот универзитет посетува студии по физика и математика.[1][2]
Се вратил во Македонија и учителствувал во Кукуш (1861-1866 година), Велес и Охрид (1867-1868). Паднал во немилост на патријаршискиот грчки владика во Охрид, кој успеал преку интриги, со помош на турските власти, да го затворат. Откако излегол од затвор, по трет пат оди во Русија. Работел како учител во Бесарабија, каде што истовремено ги редактирал и весниците „Ехо на Болград“ и „Јалпуг“ (1872-1873).[1][2]
Српско-турска војна
Бил мошне активен по избувнувањето на Српско-турската војна (1876 година). Тој бил иницијатор за основање на комитет за помагање на борбата на другите балкански народи за ослободивање од турското владеење. Со оваа цел, се сретнал во Букурешт, со бугарските првенци Георги Раковски, Хаџи Димитар, Стефан Караџа и други.[1]
Руско-турска војна
За време на руско-турската војна (1877-1878) го активирал споменатиот комитет. После Берлинскиот конгрес (1878) испраќал петиции до големите сили за решавање на македонското прашање.[1][2]
Васил Дијамандиев бил нејзин претседател,[4] во времето кога Лигата испратила Меморандум до големите сили и Манифест до македонскиот народ со барање за автономија на Македонија со седиште во Солун и возобновување на Охридската архиепископија со седиште во Солун.[2]