1 мај — 121-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (122-и во престапна година).
Остануваат 244 денови до крајот на годината.
Настани:
1707
|
Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија
|
1834
|
Британските колонии го укинуваат ропството.
|
1886
|
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.
|
2001
|
Како реакција на Масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.
|
2004
|
Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија.
|
2019
|
Нарухито седнал на престолот на Јапонија, отстапен од неговиот татко, Акихито. Со ова е означен почеток на раздобјето Рејва во јапонската историја.
|
Родени:
Починале:
Празници: