Вулкански лак

Образување на вулкански лак долж подвлекувачка плоча.

Вулкански лак (наречен и магматски лак[1]:6.2) — појас од вулкани образуван над подвлекувачка океанска тектонска плоча,[2] при што појасот е распореден во лачен облик гледан од високо. Вулканските лакови обично се наоѓаат напоредно на океански ров, каде лакот се наоѓа подалеку од подвлекувачката плоча отколку ровот. Океанската плоча е заситена со вода, претежно во облик на водоносни материјали како лискуни, амфиболи и серпентини. При подвлекувањето на океанската плоча, таа претрплува зголемен притисок и температура како што се спушта подлабоко. Топлината и притисокот предизвикуваат разградување на водоносните минерали во плочата, ослободувајќи ја водата во натпоставениот плашт. Испарливите материи како водата драстично ја снижуваат точката на топење на плаштот, предизвикувајќи негово делумно топење и создавање на магма на длабочина под натпоставената плоча. Магмата се искачува и образува лак од вулкани напоредно на подрачјето на подвлекување.

Вулканските лакови се разликуваат од вулканските ланци образувани врз врели точки во средината на тектонска плоча. Вулканите често се образуваат последователно еден по друг како што плочата се движи врз врелата точка, и така напредуваат во возраст од еден крај на ланецот кон другиот. Хавајските Острови сочинуваат типичен ланец на врели точки; постарите острови се северозападно од самиот остров Хаваи, кој е стар само 400.000 години, на југоисточниот крај на ланецот врз врелата точка. Вулканските лакови обично не покажуваат такви прости старосни обрасци.

Постојат два вида на вулкански лакови:

  • внатреокеански лакови (примитивни лакови) — се образуваат кога океанската кора се подвлекува под друга океанска кора на соседна тектонска плоча, создавајќи вулкански островски лак.
  • континентални лакови — се образуваат кога океанската кора се подвлекува под континенталната кора на соседна тектонска плоча, создавајќи лаковиден планински појас.

Во некои ситуации една зона на подвлекување може по должината да ги има двете одлики, бидејќи еден дел од плочата се подвлекува под континент, а друг под соседната океанска кора. Алеутските Острови и соседниот Алјаски Полуостров се пример за таква зона на подвлекување.

Активната предница на еден вулкански лак е појасот каде вулканизмот се развива во дадено време. Активните предници со тек на време може да се преместат (милиони години), менувајќи го нивното растојание од океански ров како и нивната ширина.

Тектонска поставеност

Вулканскиот лак е дел од лаково-рововски комплекс, кој пак е дел од зона на подвлекување видливо на Земјината површина. Подрачјето на подвлекување е местото каде една тектонска плоча составена од релативно тенка и густа океанска литосфера се спушта во Земјиниот плашт под помалку густа натпоставена плоча. Натпоставената плоча може да биде или океанска или континентална. Подвлекувачката плоча тоне во плаштот под агол, така што постои плаштов клин помеѓу плочата и натпоставената плоча.[1]:5

Границата помеѓу подвлекувачката плоча и натпоставена плоча одговара на длабок и тесен океански ров. Овој ров е создаден со гравитациската сила на релативно густата подвлекувачка плоча која го влече надолу челниот раб на плочата.[3]:44–45 Во подвлекувачката плоча се случуваат повеќе земјотреси, при што сеизмичките хопоцентри сместени на поголеми длабочини под островскиот лак: овие земјотреси дефинираат Вадати-Бениофови подрачја.[3]:33 Вулканскиот лак се образува на натпоставената плоча врз точката каде подвлекувачката плоча достигнува длабочина од околу 120 км[4] и претставува подрачје на вулканска активност со ширина од 50 до 200 км.[5]

Обликот на вулканскиот лак е испапчен кон подвлекувачката плоча. Ова е последица од сферанта геометрија на Земјата. Подвлекувачката плоча се однесува како тенка совлитлива топчеста обвивка, и таквата обвивка ќе биде свиткана надолу под агол θ без цепење или набирање само на кружница чиј полупречник е θ/2. Ова значи дека лаковите каде подвлекувачката плоча се спушта под поостар агол ќе бидат повеќе свиткани. Важни лакови чии плочи се подвлекуваат под агол од околу 45°, како Курилските Острови, Алеутските Острови и Сундскиот Лак, имаат полупречник од 20° до 22°.[6]

Вулканските лакови се делат на оние каде натпоставената плоча е континентална (андски тип) и оние каде натпоставената плоча е океанска (внатреокеански или примитивни лакови). Кората под лакот е до двапати подебела од просечната континентална или океанска кора: кората под лаковите од андски тип е дебела до 80 км, а онаа под внатреокеанските лакови е дебела 20 до 35 км. Кон задебелувањето на кората придонесуваат нејзиното скусување и магматско потплочување.[1]:6

Лаковите се одликуваат со експлозивни избуви на варовно-алкална магма, иако младите лакови понекогаш исфрлаат толеитска магма[7], а неколку исфрлаат алкална магма.[8] Варовно-алкалната магма се разликува од толеитската, типична за средноокеанските гребени, по тоа што содржи повеќе алуминиум, помалку железо[9]:143–146, како и поголемото количство на големојонски литофилни елементи како калиум, рубидиум, цезиум, стронциум или бариум, во однос на елементи на посилно поле како циркониум, ниобиум, хафниум, реткоземните елементи, ториум, ураниум или тантал.[10] Андезитот е особено својствен за вулканските лакови, иако понекогаш се среќава и во области на издолжена кора.[11]

Во теренската геохронологија вулканските лакови се препознаваат по нивните дебели слоеви од вулкански карпи (создадени со експлозивен вулканизам) налегнати меѓу грауваки и агрилити и по нивниот варовно-алкален состав. Кај постарите карпи кои претрпеле метаморфизам и измена во нивниот состав (метасоматизам), варовно-алкалните карпи се препознаваат по тоа што содржат расеани елементи кои не се значително засегнати од промените, како што е хромот или титанот, чие присуство е мало карпите на вулканските лакови.[7] Бидејќи вулканските карпи лесно се трошат и еродираат, постарите вулкански лакови се сметаат за плутонски карпи, карпите настанати под лакот (на пр. батолитот на Сиера Невада),[12] или во седиментните слоеви на литски песочници.[13] Спарените метаморфни појаси, каде појас на високотемпературен нископритисочен метаморфизам е сместен напоредно на појасот на нискотемпературен високопритисочен метаморфизам, ги запазуваат старите лаково-рововски комплекси; таму појасот од висока температура и низок притисок одговара на вулканскиот лак.[7]

Петрологија

Во зона на подвлекување, загубата на вода од подвлечената плоча поттикнува делумно топење на натпоставениот плашт и создава малогустинска варовно-алкална магма која пловно се издига, се насобира и се исфрла преку литосфера на натпоставената плоча. Највеќето вода која плочата ја носи надолу е содржана во водоносни минерали како лискун, амфибол или серпентинит. Водата се губи од подвлечената плоча со разградување на овие минерали и ослободување на водената содржина кога ќе се достигне доволна тепмература и притисок. Водата се издига во клинот на плаштот натпоставен над плочата и ја снижува точката на топење на плаштената карпа до степен на создавање магма.[1]:5.3

Иако не постои општоприфатен модел на општиот меганизам, стручњаците продолжуваат да го истражуваат настанокот на сосредоточен вулканизам долж тесен лак на извесно растојание од ровот.[1]:4.2[14] Растојанието од ровот до вулканскиот лак е поголемо кај плочи кои се подвлекуваат под поостар агол, и ова укажува на тоа дека магмата се создава кога плочата ќе достигне критична длабочина за разградување на обилен водоносен минерал. Ова ќе создаде искачувачка „водоносна завеса“ која е причинител за сосредоточениот вулканизам долж вулканскиот лак. Меѓутоа, некои модели велат дека водата постојано се испушта од плочата на мали длабочини од 70 до 300 км, и дека доста голем дел од водата ослободена на мали длабочини предизвикува серпентинизација на натпоставениот плашт.[1]:4.2.42 Според еден модел, само 18 до 37 отсто од водената содржина се ослободува на доволна длабочина за да создаде лачен магматизам. Со тоа вулканскиот лак се толкува како длабочината на која степенот ма топење станува доволно голем за да дозволи издвојување на магмата од нејзината матична карпа.[5]

Познато е дека подвлекувачката плоча може да биде сместена од 60 до 173 км од вулканскиот лак, наместо на една својствена длабочина од 120 км, што бара посложени модели на лачен магматизам. На пример, водата ослободена од плочата на умерени длабочини може да дреагира со амфиболните минерали во долниот дел на плаштениот клин и да создаде хлорит богат со вода. Ваквата збогатена плаштена карпа потоа се влече надолу под дејство на подвлекувачката плоча, за потоа да се разгради и да стане извор на лачен магматизам.[4] Местоположбата на лакот зависи од аголот и стапката на подвлекување, кој одредува каде ќе се разпаднат водоносните минерали и дали ослободената вода ќе ја спушти точката на топење на натпоставениот плаштен клин доволно за да дојде до топење.[15]

Местоположбата на вулканскиот лак може да се открие од присуството на ладен ќош агол на врвот од плаштениот клин, каде плаштената карпа се разладува од натпоставената плоча и плочата. Не само што поладниот плиток ќош го сузбива топењето, туку неговата голема крутост му попречува на искачувањето на создадената магма. Лачниот вулканизам се одвива онаму каде плочата се спушта од под плиткиот ладен ќош, дозволувајќи создавање на магма и нејзино издигање низ потопла и помалку крута плаштена карпа.[14]

Магмата може да се создава на пошироко подрачје но таа се сосредоточува во тесен вулкански лак од препрека на пропусност при основана на натпоставената плоча. Бројчените симулации укажуваатна тоа дека кристализацијата на издигачката магма ја создава оваа препрека, поради што преостанатата магма се насобира во тесен појас на врвот од препреката. Овој тесен појас одговара на натпоставениот вулкански лак.[16]

Примери

Каскадниот Вулкански Лак — континентален вулкански лак
Алеутскиот Лак, со окаенски и континентален дел.

Два класични примера за океански островски лакови се Маријанските Острови во западниот Тихи Океан и Малите Антили во западниот Атлантски Океан. Каскадниот Вулкански Лак Северна Америка и Андите долж западниот раб на Јужна Америка се примери за континентални вулкански лакови. Најдобри примери за вулкански лакови со обете одлики се наоѓаат во северниот дел на Тихиот Океан — Алеутскиот Лак (сочинет од Алеутските Острови и нивното продолжение во Алеутските Планини на Алјаскиот Полуостров) и Курилско-камчатскиот Лак (сочинет од Курилските Острови и југот на полуостровот Камчатка.

Континентални лакови

  • Каскаден Вулкански Лак
  • Алјаски Полуостров и Алеутски Планини
  • Камчатка
  • Анди
    • Северно Вулканско Подрачје
    • Централно Вулканско Подрачје
    • Јужно Вулканско Подрачје
    • Австралско Вулканско Подрачје
  • Средноамерикански Вулкански Лак

Островски лакови

Тихи Океан

Индиски Океан

Средоземје

Атлантски Океан

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Stern, Robert J. (декември 2002). „Subduction zones“. Reviews of Geophysics. 40 (4): 3–1–3–38. Bibcode:2002RvGeo..40.1012S. doi:10.1029/2001RG000108. S2CID 15347100.
  2. „Volcanic arc definition from the Dictionary of Geology“. Посетено на 1 ноември 2014.
  3. 3,0 3,1 Lowrie, William; Fichtner, Andreas (2020). Fundamentals of geophysics (3. изд.). Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 978-1-108-71697-0.
  4. 4,0 4,1 Grove, T; Chatterjee, N; Parman, S; Medard, E (15 септември 2006). „The influence of H2O on mantle wedge melting“. Earth and Planetary Science Letters. 249 (1–2): 74–89. Bibcode:2006E&PSL.249...74G. doi:10.1016/j.epsl.2006.06.043.
  5. 5,0 5,1 Schmidt, Max W.; Poli, Stefano (ноември 1998). „Experimentally based water budgets for dehydrating плочи and consequences for arc magma generation“. Earth and Planetary Science Letters. 163 (1–4): 361–379. Bibcode:1998E&PSL.163..361S. doi:10.1016/S0012-821X(98)00142-3.
  6. Frank, F. C. (октомври 1968). „Curvature of Island Arcs“. Nature. 220 (5165): 363. Bibcode:1968Natur.220..363F. doi:10.1038/220363a0. S2CID 4190851.
  7. 7,0 7,1 7,2 Garcia, M (ноември 1978). „Criteria for the identification of ancient volcanic arcs“. Earth-Science Reviews. 14 (2): 147–165. Bibcode:1978ESRv...14..147G. doi:10.1016/0012-8252(78)90002-8.
  8. Box, Stephen E.; Flower, Martin F. J. (10 април 1989). „Introduction to Special Section on Alkaline Arc Magmatism“. Journal of Geophysical Research: Solid Earth. 94 (B4): 4467–4468. Bibcode:1989JGR....94.4467B. doi:10.1029/JB094iB04p04467.
  9. Philpotts, Anthony R.; Ague, Jay J. (2009). Principles of igneous and metamorphic petrology (2. изд.). Cambridge, UK: Cambridge University Press. ISBN 9780521880060.
  10. Pearce, J. A.; Peate, D. W. (1995). „Tectonic implications of the composition of volcanic arc magmas“. Annual Review of Earth and Planetary Sciences. 23: 251–286. Bibcode:1995AREPS..23..251P. doi:10.1146/annurev.ea.23.050195.001343. Посетено на 2 август 2022.
  11. Sheth, Hetu C.; Torres-Alvarado, Ignacio S.; Verma, Surendra P. (август 2002). „What Is the "Calc-alkaline Rock Series"?“. International Geology Review. 44 (8): 686–701. Bibcode:2002IGRv...44..686S. doi:10.2747/0020-6814.44.8.686. S2CID 129795855.
  12. DeGraaff Surpless, Kathleen; Clemens-Knott, Diane; Barth, Andrew P.; Gevedon, Michelle (1 октомври 2019). „A survey of Sierra Nevada magmatism using Great Valley detrital zircon trace-element geochemistry: View from the forearc“. Lithosphere. 11 (5): 603–619. Bibcode:2019Lsphe..11..603D. doi:10.1130/L1059.1. hdl:1805/23804. S2CID 195809083.
  13. Colquhoun, G.P; Fergusson, C.L; Tye, S.C (мај 1999). „Provenance of early Palaeozoic sandstones, southeastern Australia, Part 2: cratonic to arc switching“. Sedimentary Geology. 125 (3–4): 153–163. Bibcode:1999SedG..125..153C. doi:10.1016/S0037-0738(99)00003-2.
  14. 14,0 14,1 Perrin, Alexander; Goes, Saskia; Prytulak, Julie; Rondenay, Stéphane; Davies, D. Rhodri (ноември 2018). „Mantle wedge temperatures and their potential relation to volcanic arc location“. Earth and Planetary Science Letters. 501: 67–77. Bibcode:2018E&PSL.501...67P. doi:10.1016/j.epsl.2018.08.011. hdl:1885/202822. S2CID 134125257.
  15. Grove, T. L.; Till, C. B.; Lev, E.; Chatterjee, N.; Médard, E. (4 јуни 2009). „Kinematic variables and water transport control the formation and location of arc volcanoes“. Nature. 459 (7247): 694–697. Bibcode:2009Natur.459..694G. doi:10.1038/nature08044. PMID 19494913. S2CID 4379126.
  16. Ha, Goeun; Montési, Laurent G. J.; Zhu, Wenlu (декември 2020). „Melt Focusing Along Permeability Barriers at Subduction Zones and the Location of Volcanic Arcs“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 21 (12). Bibcode:2020GGG....2109253H. doi:10.1029/2020GC009253. S2CID 228906388.

Надворешни врски

Read other articles:

Untuk nilai perbandingan rata-rata massa seluruh isotop suatu atom terhadap 1/12 massa atom karbon-12, silakan lihat bobot atom Massa atom (ma) dari suatu unsur kimia adalah massa suatu atom pada keadaan diam, umumnya dinyatakan dalam satuan massa atom.[1] Massa atom sering disinonimkan dengan massa atom relatif, massa atom rata-rata, dan bobot atom. Walaupun demikian, terdapat sedikit perbedaan karena nilai-nilai tersebut dapat berupa rata-rata berbobot dari massa semua isotop unsur,...

 

The members of the 15th Manitoba Legislature were elected in the Manitoba general election held in August 1915. The legislature sat from January 6, 1916, to March 27, 1920.[1] The Liberal Party led by Tobias Norris formed the government.[1] Albert Prefontaine of the Conservatives was Leader of the Opposition.[2] On January 16, 1916, a bill was passed to amend the Manitoba Election Act to grant women the right to vote. Manitoba became the first Canadian province where w...

 

ساوث تشارستون     الإحداثيات 39°49′31″N 83°38′12″W / 39.8253°N 83.6367°W / 39.8253; -83.6367  [1] تقسيم إداري  البلد الولايات المتحدة[2]  التقسيم الأعلى مقاطعة كلارك، أوهايو  خصائص جغرافية  المساحة 3.330593 كيلومتر مربع3.325973 كيلومتر مربع (1 أبريل 2010)  ارتفاع 343 مت

Relaciones Cuba-Malasia      Cuba      Malasia [editar datos en Wikidata] Las relaciones Cuba-Malasia se refiere a las relaciones bilaterales entre Cuba y Malasia. Las relaciones diplomáticas se establecieron el 6 de febrero de 1975, Cuba abrió su embajada en Kuala Lumpur en 1997, mientras que Malasia abrió su representación en La Habana en febrero de 2001.[1]​ Ambos son miembros del Grupo de los 77, del Movimiento No Aline...

 

1920 film The Last Rose of SummerDirected byAlbert Ward[1]Written byRoland Pertwee[1]Hugh Conway (novel)[2]Produced byG. B. Samuelson[1]StarringOwen Nares[1]Daisy Burrell[1]Release date1920CountryUnited KingdomLanguageEnglish The Last Rose of Summer is a British silent motion picture of 1920 directed by Albert Ward, produced by G. B. Samuelson, and starring Owen Nares and Daisy Burrell. A drama, it was written by Roland Pertwee, based on a novel...

 

2001 live album by ThunderThey Think It's All Acoustic... It Is NowLive album by ThunderReleased14 May 2001 (2001-05-14)Recorded4 May 2000VenueDingwalls (London, England)GenreHard rockacoustic rockLength48:46LabelPapillonProducerLuke MorleyBen MatthewsThunder live album chronology Open the Window – Close the Door: Live in Japan(2000) They Think It's All Acoustic... It Is Now(2001) Live at Donington: Monsters of Rock 1990(2001) They Think It's All Acoustic... It Is Now...

Ketchchimalai MosqueReligionAffiliationIslamStatusOpenLocationLocationBeruwalaShown within Sri LankaGeographic coordinates6°28′22″N 79°58′34″E / 6.47278°N 79.97611°E / 6.47278; 79.97611ArchitectureTypemosqueWebsiteofficial website Ketchchimalai Mosque, also known as Ketchimalai Dharga, is located on a headland overlooking the port of Beruwala, on the southwest coast of Sri Lanka. It is one of the oldest mosques in the country. According to local folklore, t...

 

PantelimonKotaNegara RumaniaProvinsiIlfovPopulasi (2002)[1]16.019Zona waktuUTC+2 (EET) • Musim panas (DST)UTC+3 (EEST) Pantelimon (populasi: 16,019) adalah kota yang terletak di provinsi Ilfov, Rumania. Kota ini berbatasan dengan ibu kota Rumania, Bukares, dan memiliki luas sebesar 134.83 km². Nama kota ini berasal dari Santo Pantaleon. Di kota ini terdapat empat desa: Călugăreni Nistoreşti Pantelimon de Jos Runcu Koordinat: 44°27′N 26°12′E...

 

Liverpool Rifles6th Bn (Rifles) King's Regiment38th (King's) Searchlight Regiment, RA635 (King's Regiment) Regiment, RA573 (King's Regiment) HAA Regiment, RAActiveFrom 19 August 1859Country United KingdomBranch Territorial ForceRoleInfantry, searchlight, artilleryPart ofKing's Regiment (Liverpool)Garrison/HQPrinces Park Barracks, LiverpoolEngagementsWestern FrontThe BlitzOperation DiverOperation DoomsdayBattle honoursSouth Africa 1900–01Military unit The Liverpool Rifles was ...

Venezuelan writer This article is an orphan, as no other articles link to it. Please introduce links to this page from related articles; try the Find link tool for suggestions. (July 2022) The young Wafi Salih (1987) in her university training stage, had already published Adagio, her first book. Wafi Salih (born 5 June 1965 in Trujillo) is a Venezuelan-born writer of Lebanese descent. Writer of: poetry, short stories, essays, dramaturgy and film scripts. She is recognized as “the master of ...

 

American cosplayer (born 1992) Monika LeeMonika Lee at Dragon Con 2013Born (1992-12-07) December 7, 1992 (age 30)Atlanta, Georgia, U.S.NationalityAmericanModeling informationHeight5 ft 9 in (175 cm)Hair colorBrownEye colorBrown WebsiteOfficial website Monika Lee (born December 7, 1992)[1][2] is an American cosplayer.[3] In 2013, she joined the cast of reality television show Heroes of Cosplay.[4] Biography Monika Lee dressed as Sailor Mars (...

 

Правительство Жоспена Описание кабинета Глава Лионель Жоспен Должность главы Премьер-министр Франции Дата формирования 02.06.1997 Дата роспуска 06.05.2002 Правящие партии СП, ФКП, РЛП, З, ДГ[fr] Общие данные Государство Франция Глава государства Жак Ширак Государственный орган На...

Video gameDragon HopperPreliminary North American cover artDeveloper(s)Intelligent SystemsPublisher(s)NintendoPlatform(s)Virtual BoyReleaseUnreleasedGenre(s)Action-adventureMode(s)Single-player Dragon Hopper[a] is an unreleased action-adventure video game that was in development by Intelligent Systems and planned to be published by Nintendo on a scheduled 1996 release date exclusively for the Virtual Boy. Along with Japan System Supply's Bound High!, it would have been one of the firs...

 

American baseball player Baseball player Spencer PattonPatton with the Yokohama DeNA BayStarsFree agent PitcherBorn: (1988-02-20) February 20, 1988 (age 35)Urbana, Illinois, U.S.Bats: RightThrows: RightProfessional debutMLB: September 4, 2014, for the Texas RangersNPB: April 1, 2017, for the Yokohama DeNA BayStarsMLB statistics (through 2023 season)Win–loss record5–4Earned run average5.11Strikeouts118NPB statistics (through 2020 season)Win–loss record1...

 

Voce principale: Unione Sportiva Salernitana 1919. Salernitana SportStagione 1977-1978Sport calcio Squadra Salernitana Allenatore Carlo Facchin(fino al 1/11/1977) Mario Saracino(fino al 7/11/1977) Enea Masiero(fino al 30/01/1978) Mario Saracino[1](dal 30/01/1978) All. in seconda Arturo Campagna Presidente Enzo Paolillo(fino al 2/04/1978) Enzo Grieco(dal 2/04/1978) Serie C6º posto (qualificata alla nuova Serie C1) Coppa Italia SemiprofessionistiFase a gironi Maggiori presenzeCamp...

5°25′6.34″N 100°20′41.9″E / 5.4184278°N 100.344972°E / 5.4184278; 100.344972 Weld QuayMalay: Pengkalan WeldChinese: 海墘Tamil: கிடங்கு தெருMaintained byPenang Island City CouncilLocationGeorge TownNorth endKing Edward PlaceSouth endTun Dr Lim Chong Eu ExpresswayConstructionInaugurationMid-1880s PENGKALAN WELDWeld Quay10300 P. PINANG UNESCO World Heritage SiteTypeCulturalCriteriaii, iii, ivDesignated2008 (32nd sessi...

 

Album by Piano Magic A Trick of the SeaStudio album by Piano MagicReleasedOctober 1998GenrePost-rockLength39:20LabelDarla RecordsPiano Magic chronology Popular Mechanics(1997) A Trick of the Sea(1998) Low Birth Weight(1999) Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllmusic [1] A Trick of the Sea is the second album by Piano Magic. It is the thirteenth entry in Darla Records' Bliss Out series. Track listing A Trick of the Sea – 20:22 Halloween Boat – 18:58 Referen...

 

أكيلي لاورو حوالي 1987. في 7 أكتوبر 1985 اختطف أربعة رجال يمثلون جبهة التحرير الفلسطينية السفينة أكيلي لاورو الإيطالية قبالة ساحل مصر حيث كانت تبحر من الإسكندرية إلى أشدود في إسرائيل. نظم الاختطاف محمد زيدان (محمد أبو عباس) زعيم الجبهة. قتل المختطفون رجل أمريكي يهودي يبلغ من الع...

Sofia de Souza Sofia Martins de SouzaAutorretrato com Chapéu (1900) de Sofia Martins de Souza Pseudônimo(s) S. Martins Nascimento 23 de março de 1870Porto, Portugal Morte 28 de novembro de 1960 (90 anos)Porto,  Portugal Nacionalidade portuguesa Cidadania Portuguesa Progenitores António Martins de SouzaOlinda Peres Irmão(ã)(s) Aurélia de Sousa Alma mater Academia Portuense de Belas Artes, École des Beaux-Arts e Academia Julian Ocupação pintora Movimento estético Natu...

 

Колокольня Софийского собора, построенная на средства гетмана Мазепы. На втором этаже установлен Колокол Мазепа Николаевский военный собор (Киев) Основная статья: Мазепа, Иван Степанович Церковная деятельность Ивана Мазепы — деятельность гетмана Ивана Мазепы, напра...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!