Волусијан (латински: Gaius Vibius Volusianus Augustus;[2] починал во август 253), исто така познат како Волузијан, бил римски владетел од 251 до 253.
Тој бил син на Гај Вибиј Требонијан Гал од неговата жена Афинија Гемина Бебијана. Познато е дека имал сестра, Вибија Гала. Требонијан Гал бил именуван за цар во јули 251 година кога неговите претходници Декиј и Херениј Етруск, загинале борејќи се со Готите.
Смртта на Дециј во почетокот на јуни 251 довело до наследување на престолот од страна на Требонијан Гал. Гал го посвоил синот на Дециј, Хостилијан и го направил ко-владетел. Волусијан бил назначен за Цезар и Princeps Juventutis. Подоцна во 251 Хостилијан умрел од бубонска чума и Волусијан го наследил како Август и ко-владетел.
Таткото и синот заедно биле убиени во 253 од бунтовници во Интерминија.
Наводи
- ↑ In Classical Latin, Volusian's name would be inscribed as GAIVS VIBIVS VOLUSIANVS AVGVSTVS.
Надворешни врски