Вешала — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Вешала е типично планинско село кое се наоѓа на Шар Планина.
Име
Вешала на албански јазик е познато како Veshallë (нечленувано) или Veshalla (членувано).
Географија и местоположба
Вешала се наоѓа на надморска височина од 1.200 метри. Вешала лежи на Шар Планина, на околу 20 км северозападно од градот Тетово. Селото е оддалечено од македонско-косовската граница само 4 км. Атарот на селото Вешала граничи со атарот на Бозовце (на запад), со атарите на селата Лисец, Шипковица и Бродец (на исток), на југ граничи со Општина Боговиње, а на север со Косово.
Селото се наоѓа на горниот тек на реката Пена. Непосредно над селото се наоѓаат планински превои, од кои едниот е североисточно од Кобилица на 2.175 метри, а другиот е источно од Караниколица висок 2.060 метри. Селтото е од збиен тип.[2]
Историја
Селото Вешала е постаро село од поглед на муслиманските доселувања. Предците на денешните албански муслимани, кои се населиле во селото пред околу 200 години, затекле староседелско македонскохристијанско население. По почетокот на доселувањата на Албанците, Македонците почнале да се иселуваат. Словенските топоними во селото се задржале. Денес не е познато кои биле македонските семејства во селото, ниту каде се иселиле, бидејќи нема записи ниту во Вешала ниту во околните села кои би засведочиле. Не постојат остатоци од периодот од предалбанските доселувања.[2]
Според локалните верувања, селото првично се наоѓало на месноста Селиште, во близина на денешното село. Првата џамија во селото била изградена кон крајот на XIX век. Во 1930 година, старата џамија била срушена и на нејзино место била изградена нова.[2]
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Доселеници:Бакалар или Бака (12 к.), Скендере (11 к.) и Клајар (8 к.) потекнуваат од тројца браќа кои овде дошле од некое место во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 62 г. во 1948 година) Амза-Фазли-Јусуф-Зенула, кој се доселил и го основал родот; Љурес (19 к.) доселени се од Љура во северна Албанија; Реџалар (20 к.) и Кадриалар (18 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Кице (6 к.) доселени се од селото Кице во Љума, северна Албанија; Буке (6 к.) доселени се од селото Буке во Љума, северна Албанија; Џине или Османлар (31 к.) доселени се од некое село Дукаќин во Албанија; Лосталар (14 к.) доселени се од северна Албанија.[12]
↑ 2,02,12,2Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes аnthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. стр. 363.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 22.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“