Киша — археолошко наоѓалиште, т.е. некропола во тетовското село Вешала. Наоѓалиштето е сместено во близина на селото на истоименото место.[1] Името доаѓа од албанскиот збор Kisha, што значи црква. За првпат ова наоѓалиште било отркриено во 1982 година при изградбата на локалниот пат Вешала — Бозовце[2]. Тогаш биле откриени гробови со камени плочи со дебелина од 8 до 10 сантиметри. Бидејќи на нив немало никакви натписи, без претходно да се направат археолошки и антрополошки истражувања не можело да се потврди од кога потекнуваат и кој ги направил. При повторно проширување на истиот пат, во 2007 година, багерите на градежната фирма наишле на камени плочи и скелети. Поради немање на финансиски средства, Музејот на тетовскиот крај не бил во можност да врши понатамошни испитувања[2]. Камените гробови се од типот циста и се направени од неклесани камени плочи кои се наредени во редови.[2]
Наводи
Надворешни врски