Тетово — археолошко наоѓалиште во Тетово. Претставува осамен наод од доцнобронзеното време. Археолошкиот музеј откупил меч случајно откопан во градот. Мечот е од микенски тип и се датира во XIV-XII век пред н.е. Излеан е од бронза и има долга танка форма. Бил наменет за парадни цели и веројатно како знак на достоинство ѝ припаѓал на истакната личност од Полог. Овој меч, заедно со ваквите наоди од Скадар, ги означува најсеверните простори до кои допирале производите од микенско-егејската област.[1]
Поврзано
Наводи