Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.
Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.
Постојани ветрови
Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради Земјината ротација скршнуваат кон запад.
Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ сè до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот Океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.
Периодични ветрови
Овие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.
Локални ветрови
Карактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.
Ветрот во митологијата
Ветровите се среќаваат и во митологијата, каде имаат и посебни имиња и одлики. Така, во римската митологија, северниот ветар бил наречен Аквилон или Бореј; јужниот ветар се викал Аустер; Зефир бил западниот ветар, кој бил најблаг од сите ветрови и во пролет носел пријатно и топло време; Јапиг (наречен според Јапигија, т.е. Апулија) бил ветар што дувал од северозапад и бил погоден за оние кои патувала кон Стара Грција; Нот бил јужен ветар кој бил многу опасен, зашто често носел бура и ја попречувал пловидбата; Фавонија била персонификација на западниот ветар кој во Италија дувал во февруари, носејќи ја пролетта; додека Еол бил бог на ветровите,[1] кој ги држел затворени во својата пештера.[2]
Ветрот како тема во уметноста и во популарната култура
Ветрот како мотив во книжевноста
„Мајката на ветровите“ — естонска народна приказна.[3]
„Ветерот и кравите“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[4]
„Палавостите на пролетниот ветер“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
„Гитарата на есенскиот ветер“ — песна за деца на Григор Витез.[6]
„Попот, Северецот и Југот...“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[7]
„Рапсодија во ветровитата ноќ“ (англиски: Rhapsody on a Windy Night) - песна на англискиот поет Т.С. Елиот од 1917 година.[8]
↑Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 383-385.
↑Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 76.
↑Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 160.
↑Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 42-44.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 255-256.
↑Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 44.
↑Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 48.
↑Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 50.