Роберт Луис Стивенсон (англиски: Robert Louis Stevenson), роден како Роберт Луис Балфор Стивенсон (Robert Lewis Balfour Stevenson), (13 ноември1850 – 3 декември1894) бил шкотскиписател, поет, есеист и патописец. Роберт Стивенсон во светската литература е познат по неговите романи „Островот на богатството“, „Киднапиран“ и „Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“.
Неговиот татко се викал Томас Стивенсон, а неговиот дедо Роберт Стивенсон, обајцата успешни стручњаци за светилници, а неговата мајка се викала Маргарет Балфор. Неговите родители сакале Стивенсон да биде инженер, но тој не го сакал ова. Во младоста студирал на Единбуршката Академија. Обајцата негови родители биле многу религиозни. Роберт се откажал од религијата на своите родители за време на своите студии на универзитетот во Единбург, но образованието со кое се стекнал во детството оставило траен печат врз него. Тој всушност го преземал калвинизмот како своја религија за време на студиите на колеџот.
Иако уште од детството боледувал од туберкулоза, води авантуристички живот исполнет со голем број напишани романи, расказипоезија и патописи од своите долги патувања насекаде низ светот. Бурниот живот го завршува како племенски водач и сопственик на плантажа на островскиот архипелагСамоа во Тихиот Океан, што е во склад со неговиот авантуристички начин на живот. Луѓето од Племето чиј предводник бил го нарекле Tusitala што значи - раскажувач.
Неговите романи и раскази, исполнети со авантури и хорор се со значајна психолошка длабочина и уживаат популарност долго по смртта на авторот, доживувајќи бројни екранизации. Голема поддршка на нескротливиот авантуристички дух на Стивенсон му дала сопругата Фани Озборн, со која се оженил 1880 година во Сан Франциско.
Стивенсон патувал во Сан Франциско во доцните 1870-ти, и во една прилика го запознал сопственикот на една голема издавачка компанија, кој извршил големо влијание врз одлуката на Стивенсон да отпатува на Јужниот Тихи Океан. Во неколку наврати патува во Кралството Хаваи и се спријателува со Кралот Калакауа, во чие друштво поминува многу време. Животот го завршува како последица на хеморагична треска во 1894 година, на возраст од 44 години во Ваилима, на островите Самоа.
Политички погледи
Како и неговиот татко, така и Роберт низ целиот свој живот бил силен приврзаник на ториевата политичка идеологија. Неговиот братучед и биографер, Сир Грахам Балфор, за неговите политички погледи рекол дека „тој најверојатно во животот секогаш би го поддржувал конзервативниот кандидат во Британија“.[3] За време на неговите денови во колеџот, за краток период се окаракетризирал себеси како „црвен загреан социјалист“. Како и да е, до 1877 година, на само 27-на возраст и пред да ги напише неговите големи дела, Стивенсон изјавил дека гледа со каење кон периодот кога се изјаснувал како социјалист. Исто така, [покрај другото, тој додал:
„
Се убедив себеси, барем во моментов, подобро е да ги оставиме овие големи промени за она што ние го нарекуваме „големи слепи сили“: каде нивната слепост е многу поостроумна отколку малото, зјапање на човекот... Сега знам дека со смената во конзервативец, јас поминувам низ нормален циклус на промени и патувам во заедничката орбита на човковите мислења.[4]
“
Творештво
Романи
Островот на богатството, за првпат објавен во 1883. Овој роман е првиот голем успех на Стивенсон и романот обработува приказна за пиратството, закопано богатство и авантура на главните ликови.
Книжевната критика го оценува Роберт Луис Стивенсон како одличен стилист, необично близок и топол, кој раскажува за храброста и оптимизмот наспроти сомнежите и колебањата на неговото време, обидувајќи се да го обнови духот на романтиката што ја наоѓал во современите настани.[6]
↑Stevenson, Robert Louis (1907). „Crabbed Age and Youth“. Crabbed Age and Youth and Other Essays. Portland, Maine: Thomas B. Mosher. стр. 11–12. Посетено на 2010-06-23. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
↑Strange Case of Dr. Jekyll and Mr. Hyde and Other Tales, Robert Louis Stevenson. Oxford World's Classics.
↑„Белешка за авторот“, во: Роберт Л. Стивенсон, Островот со скриеното богатство. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 195.