Везме или Везмен (со варијантите В’зем или В’зме; грчки: Εξοχή, Ексохи; до 1927 г. Βέσμη, Весми[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и Турци.[3]
Селото се наоѓа крај границата со Бугарија (т.е. Пиринска Македонија), на 9 км северно од Зрново. Лежи во Белотинската Котлина меѓу планините Стргач и Бесленски Рид.
Близу селото се наоѓа граничниот премин „Везме - Либјахово“ („Ексохи – Илинден“).
Името на селото потекнува од речната именка старословенскиот глагол вѧзати. Придавното име Вязьмень изведено од тој поим значи „тињест“, „блатест“, „леплив“, „жилав“, т.е. тињеста река.[4] Во русија постои еквивалентното име Вјазма.
Крај главниот пат од Неврокоп за Драма, источно од Везме има остатоци од стар тврдина наречена Сропаљ.[5]
Во XIX век Везме било село со мешано население во Неврокопската каза на Серскиот санџак. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал дека жителите на Везме се Македонци и Турци.[6][7] Црквата „Св. Атанасиј“ е од 1866 г.[8]
Во атарот на селото има многу топоними поврзани со железното рударство традиционално за Мрвачко, кое одамна претстанало.[5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Везем (Vezem) било село со 125 домаќинства на 220 Македонци 130 муслимани.[9][10] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го означил Везме како со 65 македонски и 61 турска куќа.[9][11]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
До 1912 г. Везме било седиште на мудир.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. В’зем имал вкупно 1.287 жители, од кои 750 Македонци-христијани, 522 Турци и 15 Власи.[9][13]
Меѓу македонското население на селото работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Везме имало 584 Македонци под Бугарската егзархија, 42 Власи и 18 Роми.[9] Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 20 ученици.[14]
Егзархискиот митрополит Иларион Неврокопски во 1909 г. напишал за Везме:
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 1.004 жители, а во 1920 г. зе зголемило на 1.185 лица.[3] Во 1925 г. по крвавиот Трлиски инцидент поголемиот дел од преплашеното население се преселил во Бугарија (официјално 507 лица), а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. Везме е попишано како мешано мештанско-дојденско село со вкупно 734 жители, од кои 508 лица (147 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[16] Тодор Симовски вели дека останале 117 жители Македонци.[3]
Во 1926 г. 20 семејства од Везме се преселиле во пловдивското село Дудене (денес Черничево). Во 1943 г. за време на бугарската управа на регионот сите 20 семејства се вратиле во родното село, но во септември 1944 г. со повлекувањето на бугарската војска истите семејства повторно се вратиле во Дудене, каде денес живеат нивните потомци.
По Втората светска војна населението масовно се преселило во поголемите градови.[3]
Населението произведува тутун, жито, компири и други култури, а се занимава и со сточарство.[3]
Во 1997 г. Везменската џамија е прогласена за споменик на културата.[17]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
|month=