Терминот "ароматично" означува нешто што мириса. Поради тоа, многу супстанци што мирисаат, познати од многу одамна, биле класифицирани како ароматични соединенија. Овие соединенија содржат бензенов прстен што е поврзан за еден или повеќе супституенти.
Денес класификацијата на ароматичните соединенија не се заснова на мирисот затоа што повеќето соединенија што содржат бензенов прстен не мирисаат. Така, некои ароматични соединенија, вклучувајќи ги и средствата против болка (аналгетиците) како аспирин (види ја неговата структурна формула подолу), ибупрофен и ацетаминофен, се цврсти супстанци што малку мирисаат или воопшто немаат мирис.
Едно соединение е ароматично ако го исполнува т.н. Хикелово правило за ароматичност. Според него, соединенијата се ароматични доколку: