Аспиринот е познат и под името ацетилсалицилна киселина. Аспиринот често се користи како аналгетик, како антипиретик и како антиинфламаторен лек.
Потврдено е дека доколку мали количества на овој лек се дадат на пациенти кои претрпеле срцев напад се намалува ризикот од брзо добивање на уште еден напад.[1][2]
Контраиндикации
Аспиринот не треба да го користат пациенти со:
хиперсензитивност кон аспиринот и други салицилати
акутен чир на желудникот или дванаесетпалечното црево
Дејството на аспиринот се должи на иреверзибилната инхибиција на циклооксигеназата, ензим којшто учествува во синтезата на простагландините.
Во помали дози (75–300 mg дневно) ја инхибира агрегацијата на тромбоцитите преку блокирање на синтезата на тромбоксан А2 во нив.
Фармакокинетика
Ацетилсалицилната киселина е слаба киселина, и многу мала количина од него се наоѓа во јонизирана состојба во желудникот после орална администрација. Брзо се апсорбира низ клеточната мембрана при кисели услови во желудникот. Поголемата pH и поголемата површина во тенкото црево предизвикува побавна апсорпција, бидејќи поголема количина од лекот се наоѓа во јонизирана форма. При предозирање аспиринот се апсорбира многу побавно поради формирањето на конкреции, а плазматската концентрација продолжува се зголемува и до 24 часа после ингестијата.[3][4][5]
Историја
Растителни екстракти, вклучувајќи и од кората на врба, во кои активна компонента е салицилната киселина уште од антички времиња било познато дека ја ублажуваат главоболката, болката и треската.
↑Ferguson, RK; Boutros, AR (17 August 1970). „Death following self-poisoning with aspirin“. Journal of the American Medical Association. 213 (7): 1186–8. doi:10.1001/jama.213.7.1186. PMID5468267.
↑Kaufman, FL; Dubansky, AS (April 1970). „Darvon poisoning with delayed salicylism: a case report“. Pediatrics. 49 (4): 610–1. PMID5013423.
↑Levy, G; Tsuchiya, T (31 August 1972). „Salicylate accumulation kinetics in man“. New England Journal of Medicine. 287 (9): 430–2. doi:10.1056/NEJM197208312870903. PMID5044917.
↑Vane, John Robert (1971). „Inhibition of prostaglandin synthesis as a mechanism of action for aspirin-like drugs“. Nature (journal). 231 (25): 232–5. doi:10.1038/newbio231232a0. PMID5284360.