Нимесулидот е нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ) кој има аналгетски и антипиретски особини. Неговите одобрени индикации се третман на акутна болка, симптоматски третман на остеоартрит, и примарна дисменореја кај адолесценти и возрасни над 12 години. Делува преку повеќе начини и се одликува со брза појава на дејство.
Делува преку блокирање на произведувањето на простагландини (хемиски супстанци поврзани со појава на болка), и со тоа ја намалува болката и воспалението.