Дабигатран претставува антикоагуланс кој може да се користи преку уста. Претставува алтернатива за варфаринот, бидејќи нема потреба за мониторирање на неговата концентрација, но има слична ефикасност. Дабигатран се зема во форма на пролек дабигатран ексилат. По ресорпцијата во гастроинтестиналниот тракт, дабигатрант ексилат се претвора во црниот дроб и крвта во активната форма дабигатран.
Дабигатранот претставува „реверзибилен“ антикоагуланс. Постои специфичен антидот, идаруцизумаб, кој се спротивставува на ефектот на дабигатран.