„Св. Ѓорѓи““ — православен храм кој се наоѓа во Турново, Општина Босилово.
Денешната црква посветена на Свети Ѓорѓи во Турново започнала да се гради во 2005 година и била завршена во 2010 година. Претходно, на истото место постоела друга црква која била изградена во 1930 година и која била срушена. За разлика од старата црква, новата сѐ уште не е осветена, освен темелот кој е оставен од старата црква.
Веднаш до оваа црква се наоѓа помалата црква „Св. Петка“, која се користи главно за крштевки. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта и капела.