Турново се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово, на 11 километри од градот Струмица. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село. Тука тече реката Турија (според која селото го добила името), која како лева притока се влева во реката Струмица.
Надморската височина во селото е 215 метри, додека селото зафаќа површина од 5,5 км2. Од нив, 468 хектари се обработливо земјиште[2]
Историја
Ран период
Во дамнешно време на тоа место немало населба. Земјиштето во атарот на денешно Турново било покриено со вода, било блато. Со текот на времето водата, преку реките Струмица и Струма истекла во Егејско Море. На одводнетото земјиште подоцна била осована мала селска населба. Прво во неа се населило семејството Катарџиевци, кое според народното предание, дошло од селото Крвичево (сега месност во падините на планината Огражден). Подоцна тука се населиле и други семејства од околните краишта и така била основана населба, која во средновековните пишани извори се спомнува со името Торњево.
За името на селото има три легенди. Првата имато на селото го поврзува со поодамнешното минато, кога атарот на Турново бил исполнет со вода. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата Штука, која уште ја викаат Турна. Рибата Турна селаните ја ловеле со кошеви, а можеле да ја ловат и со рака. Рибарите уловената риба ја ставале во каци и ја сушеле за да им се најде за храна во зимските месеци. Се претпоставува дека од изобилството на рибата Турна блатото а подоцна и селото било наречено Турново. Другата легенда вели дека на денешната локација на селото имало азмак – разни бодливи растенија, трни. Од месност обрасната со трње, турново, торново, по некаква аналогија било добиено името Турново. Третата легенда името на селото го поврзува со реката Турија, која тече крај селото и се влева во реката Струмица[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства, а селото било опожарено. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион.
Населението којшто живее во Турново се занимава со земјоделство, а во последните години во подем е сточарството. Според некои анализи во Турново има околу 400 грла крупна стока и 200 овци.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
691
—
1953
788
+14.0%
1961
925
+17.4%
1971
1.066
+15.2%
1981
1.118
+4.9%
Година
Нас.
±%
1991
1.179
+5.5%
1994
929
−21.2%
2002
941
+1.3%
2021
634
−32.6%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[10]
Во почетокот на XX век, населението било со мешана етничка структура, односно живееле Македонци и Турци, кои подоцна се иселуваат. Од пописот во 1948 година, до денес селото е во целост населено со Македонци[2].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 941 жител (сите Македонци) и спаѓа во групата на големи и развиени села.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 634 жители, од кои 584 Македонци, 3 останати и 47 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Училиште 'Св.Кирил и Методиј. Во ова училиште се врши образование и воспитување на деца од прво до деветто одделение, вклучувајќи го и предучилишното образование. Во ова училиште се образуваат децата не само од Турново туку и од околните населени места: Радово,Секирник и др.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1825 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
ФК Турново. Овој фудбалки клуб е основан 1950, истиот денеска се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. Фудбалскиот тим е поделен на: сениори, јуниори, а тука спаѓа и женкиот фудбалски тим.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“