Вознесението Христово попозната само како Свети Спас претставува македонска православна црква во Гевгелија.[1] Таа претставува главна црква на Гевгелискиот манастир.
Црквата се наоѓа во југоисточниот дел на Гевгелија. Таа воедное е и најстарата црква во градот и според преданието е изградена во 1842 година. До почетокот на Првата балканска војна била неколкупати доградувана и реновирана. Според својата архитектурна форма, црквата е петокорабна, со дрвени рамни тавани, потпрени со нови четвртести колони. Покривната конструкција е на две води. Од западната страна има отворен трем, во чија северна страна се наоѓа камбанаријата. Црквата е зографисана, но во неа нема насликано постар фреско-живопис. Иконостасот е нов, со три реда икони. Иконографскиот репертоар го сочинуваат: престолните икони, иконите на големите празници и иконите на светите апостоли. Во 2006 година, е извршна реконструкција на тремот со масивен камен и нов покрив од ќерамиди.