Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на основното училиште.
Историја
Црквата била стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена и изгорела за време на Првата светска војна. Откако завршила војната црквата била обновена, но во 1931 година била повторно разурната од катастрофален земјотрес. Во 1932 година вторпат била обновена.[2]
Архитектура
Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид (од надвор). Покривот на црквата е на две води. Храмот бил изграден од обичен камен. На јужната и на западната страна има отворен трем. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот влез е од западната страна.[2]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.