Цинцов Рид — археолошко наоѓалиште во селото Калиманци, сместено во Паднато Маало, меѓу наоѓалиштето Манастириште и стариот пат Кочани-Делчево. Претставува населба од римско време. Во нивите на мештани се среќаваат фрагменти од невообичаена керамика и од тули чијшто облик се поврзува со римскиот период.[1]
Поврзано
Наводи