Градиште 2 ― археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува утврдена населба од железното време и доцноантичкото време. На висок рид со доминантна местоположба над Драгобрашка Река се зачувани остатоци од бедем, а по површината се среќаваат делови од керамички садови.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 91. ISBN 9989649286.