Кршлански Гумења — археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува некропола од железното време. На 2,5 км југозападно од селото, помеѓу реките Осојница и Драгобрашка Река се наоѓа терен со зарамнето плато на кое, со работите за правење гумно, биле откриени гробови со конструкција од камени плочи.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 92. ISBN 9989649286.