1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.
2Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Градот е расположен на западниот брег на островот, кај северниот приод на голем залив и крај устието на реката Мадам. Сместен е во тесна рамница помеѓу ридовите и морето, но сепак е патно поврзан со сите делови на островот.
Историја
Во 1638 г., Жак Дјел ди Парке (1606-1658), како прв управник на Мартиник, решил да го изгради утврдување „Сен Луј“ за да го заштити градот од напади. Упориштето набргу било разурнато и преизградено во 1669, со кога кралот Луј XIV го назначил Маркизот од Ба за генерален управник. По наредба на маркизот и неговите наследници (особено грофот од Бленак), утврдувањето е изградено според проект на славниот војсководец Вобан.
Административниот центар на Мартиник најпрвин го носел името Фор Ројал (Fort-Royal), но бил засенет од градот Сен Пјер како најстар град на островот и негов стопански и културен центар (наречен „Париз на Карибите“).
За време на Француската револуција, градот го добил името „Фор Ла Републик“ (Fort-La-Republique), за во XIX век конечно да биде наречен Фор де Франс. Старото име Фор Ројал и денес опстојува во разговорниот јазик, во креолскиот облик „Фојал“, а неговите граѓани се нарекуваат фојалци (Foyalais).
Градот двапати страдал од катастрофи: од земјотрес во 1839 и пожар во 1890. На почетокот на XX век, Фор де Франс добил на стопанско значење, со уништувањето на градот Сен Пјер во ерупцијата на вулканотПеле. Но и покрај стопанската важност, градот никогаш не го достигнал културниот престиж на уништениот град.
Поморска база
Утврдувањето Сен Луј во Фор де Франс е поморска база на француската морнарица.
Знаменитости
Покрај Сан Луј, постојат уште три други утврдувања: