Дижон е оддалечен 300 км од главниот град Париз, 200 од Женева и Лион. Градот има поволна географска положба бидејќи низ него поминуваат значајни железнички линии и автопатишта.
Историја
Стопанство
Во градот се развиени повеќе стопански гранки од кои најбитни се:
Прехранбена индустрија
Металургија
Механичка индустрија
Транспорт
Земјоделство
Фармацевтска индустрија
Гастрономија
Дижон се смета за еден од светските центри на гастрономијата. Во градот секоја есен се одржува меѓународниот саем за кулинарство. Околу Дижон се наоѓа и познатото Бургоњско виногорје.
Сенф
Дижон во светски рамки е најмогу познат по својот сенф.
Дижонскиот сенф настанал во 1856 година кога Жан Нижон ги заменил традиционалните состојки со незрело грозје
познато во Франција како “вержис”, со тоа добивајќи сенф со сладок и хармоничен вкус,подоцна станувајќи познат деликатес ширум светот.
Дижонскиот сенф ретко може да се најде на пазарот како трговска марка и доколку некој сака да го проба оригиналниот вкус ќе може да го најде само во Дижон.