Тајната полиција на МРО е составен дел од структурата на Организацијата. При секој селски, околиски и окружен комитет постоела тајна полиција [1][2]. Таа се состоела од две одделенија:
- Истражно одделение
- Казнено одделение
Истражно одделенние
На чело на истражното одделение стоел раководител кои бил поставуваан од страна на претседателот на комитететот.
Раководителот давал заклетва дека верно ќе ги извршува своите задачи и притоа избираал тројца помошници кои не се познавале меѓу себе.
Тие давале заклетва пред раководителот.
Задачата на истражното одделение се состоела од следење на поведението на членовите, поведението на македонското и останатото население, како и следење на активноста на јавната и тајна османска полиција, и известување на комитетот за таквата активност [2].
Казнено одделение
На чело на казненото одделение исто така стоел раководител кој бирал свои тројца помошници [2].
Главана задача на казненото одделение се состоела од спроведување на казните, првенствено смртните, а извршителите на казните биле бирани со ждрепка.
Членовите на тајната полиција биле вооружени со револвер и кама, а во акција и со два револвери [2].
Извори
- ↑ Устав на ТМОРО
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 s: Прв правилник на Македонската револуционерна организација
Надворешни врски