Српска Автономна Област Источна Славонија, Барања и Западен Срем
Српска Автономна Област Источна Славонија, Барања и Западен Срем
Srpska autonomna oblast Istočna Slavonija, Baranja i Zapadni Srijem (хрватски) Српска аутономна област Источна Славонија, Барања и Западни Срем (српски)
Српска Автономна Област Источна Славонија, Барања и Западен Срем ― поранешна самопрогласена српска автономна област (САО) во источна Хрватска, создадена за време на југословенските војни. Таа била еден од трите автономни области прогласени на територијата на Хрватска. Областа опфаќала делови од географските региони Славонија, Барања и Срем долж хрватскиот дел од регионот на реката Дунав, Подунавје.
Ентитетот бил создаден на 25 јуни 1991 година, истиот ден кога Социјалистичка Република Хрватска одлучила да се повлече од Југославија, по Референдумот за независност на Хрватска во 1991 година. Во првата фаза од Хрватската војна за независност, во 1992 година, областа била приклучена на отцепената Република Српска Краина (РСК) како ексклава и единствениот дел од РСК што директно граничел со Србија. Како етнички разновидна област без доминантно мнозинство, регионот доживеал високи нивоа на меѓуетничко насилство и чистење со протерувањето на големо мнозинство етнички Хрвати и многу други несрпско население. Тоа било во исто време област на особено изразена вклученост на надворешни страни во започнувањето и поддршката на месниот бунт во споредба со другите делови на Хрватска.
По падот на западниот главен дел на РСК во 1995 година за време на Операцијата „Бура“, оваа ексклава останала единствената област во Хрватска под контрола на српските бунтовници. Месните власти во Источна Славонија, Барања и Западен Срем биле убедени да го потпишат Ердутскиот договор од 1995 година, кој овозможил мирно повторно вклучување олеснето од Преодната администрација на Обединетите нации за Источна Славонија, Барања и Западен Срем.
Историја
Заднина
Спротивно на западните делови на Хрватска, националистичката Српска демократска партија не била присутна на месно ниво во источна Хрватска пред хрватските парламентарни избори во 1990 година, а Србите во регионот силно го поддржувале месниот огранок на Сојузот на комунистите на Хрватска (СКХ)-СДП кој бил критички настроен кон партијата како целина.[1]
Хрватските парламентарни избори во 1990 година, биле организирани во атмосфера на етнички тензии меѓу Хрватите и Србите.[2] Изборниот период во Општина Вуковар бил одбележан со интензивно предизборно движење по народносна линија. Србите биле добро застапени во СКХ-СДП, над нивната застапеност во вкупното население.[3] Во селата околу Вуковар биле организирани бројни протести против подемот на националистичката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на национално ниво, по политиката на Слободан Милошевиќ во блиската Војводина и Србија Општинскиот комитет на СКХ-СДП протестирал поради повлекувањето на хрватската делегација од 14-тиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија.[4]
Месната ХДЗ од друга страна организирал собири во селата населени со Хрвати, се залагала да биде гледана како претставник на сите Хрвати и претставуваше зачеток, помалку образован дел од населението во општината, со релативно неискусно раководство составено од луѓе надвор од интелигенцијата, кои исто така направиле увертира за преоценување на наследството на усташите, предизвикувајќи вознемиреност кај месните Срби.[5] Самите избори поминале воглавно мирно, со четворица членови на СКХ-СДП и еден независен избран во Саборот (хрватското собрание), од кои четворица биле етнички Хрвати и еден етнички Србин, а сите пет биле јавно познати како луѓе заинтересирани за мирен соживот.[6] ХДЗ била најголемата малцинска партија во месниот совет и владеел во месните власти на селата населени со Хрвати, додека СКХ-СДП доминирала со останатите, бидејќи добивала гласови од Србите, другите етникуми, како и од некои Хрвати.[7] По изборите, Србите создаче месен огранок на Српската демократска партија (СДС) во јуни 1990 година, кој започнала собири кои во содржината разговарале со оние на ХДЗ, но слични во стилот на национализмот, а исто така ја добиле моќта преку бројните делегати на СКХ-СДП да ја сменат партијата.[7]
Претставникот на СКХ-СДП, Славко Докмановиќ, Србин од Трпиња, станал претседател на општинското собрание на Вуковар по изборите во 1990 година.[8] Во јули 1990 година, Докмановиќ се појавил на собирот организиран од СДП во селото Срб и се приклучил на нивниот новооснован Српски национален совет (СНС).[9] Ова наишло на широко распространета осуда и тој бил принуден да ја напушти таа положба.[10] Сепак, во август 1990 година, СДП организирала референдум во селата населени со Срби во регионот за воспоставување на српска автономија, кој поминал со огромно мнозинство.[10]
Основање
По растот на активностите и поддршката на СДП во регионот во текот на вториот дел од 1990 година, тие го спонзорирале основањето на Српскиот национален совет на Славонија, Барања и Западен Срем на собранието во Шидски Бановци на 7 јануари 1991 година.[10] Ова се совпаднало со случувањата во западните региони на Хрватска, кои ќе го создадат Српската Автономна Област Краина во април 1991 година.
По судирот во Пакрац во март 1991 година, СДП и СНС јавно поттикнале состојба на психоза меѓу Србите во регионот, започнувајќи бегалски бран од селата населени со Срби, по јавните тврдења на Горан Хаџиќ за тоа како нивното протерување е неизбежно.[10] Подоцна истиот месец, Хаџиќ бил вклучен и во Инцидентот кај Плитвичките Езера на 31 март 1991 година, кој ескалирал во криза во селата населени со Срби во регионот.[11] Горан Хаџиќ и Боро Савиќ биле уапсени за време на инцидентот со Плитвичките Езера, кога претрпеле полициска злоупотреба за време на нивниот превоз во Загреб, каде што завршиле во затворската болница.[12] Веста за апсењето предизвикало ескалација во руралните мнозински српски села со насилство и помали судири во Бобота, Борово, Бршадин и Негославци.[12] Горан Хаџиќ и Боро Савиќ биле ослободени три дена подоцна и по нивното враќање во источна Хрватска станале најистакнатите водачи на месната Српска демократска партија.[13]
На 31 март 1991 година Српскиот национален совет на Славонија, Барања и Западен Срем организирач состанок во Борово каде телото прогласило обединување на регионот со Војводина, повикувајќи на итен вонреден состанок на Собранието на Војводина и Народното собрание на Србија за да биде потврдена одлуката.[14] Двете собранија го добиле барањето, но никогаш службено не одлучиле за тоа.[14] Враќањето на Хаџиќ привремено ја смалила ситуацијата со отстранување на поголемиот дел од пречките на патиштата до крајот на првата недела од април.[13] Социјалдемократската партија на Хрватска, која како наследник СКХ-СДП останала на власт, но се преместила од седиштето на СДП во Загреб, во тоа време била критички настроена и кон Српската демократска партија и кон Хрватската демократска заедница во нивните писма до претседателот на Хрватска, Фрањо Туѓман.[15] Славко Докмановиќ решил да го напушти СНС и да се огради од Српската демократска партија, но истовремено предупредил дека без интервенција на сојузните тела на Претседателството на Југославија и ЈНА и тој ќе им се придружи на чуварите на пречките во своето село.[15]
Ескалацијата сепак отишла понатаму кога на 8 април 1991 година била објавена приказната за високи хрватски функционери кои пукаат кон селото Борово.[15] Следниот ден Јосип Рајхл-Кир се обидел да ја деескалира ситуацијата со изјавата дека пукањето со проектили кон Борово е одговор по нападот врз хрватската полиција, без да биде споменат ниту еден хрватски функционер.[15] Толкувањето на настанот остана контроверзно и релевантно во наративите за почетокот на војната во регионот.[15] На 1 мај 1991 година, постар српски жител на Бршадин бил убиен од неговиот Унгарец сосед, а медиумите објавиле дека убиецот бил член на ХДЗ што водело до блокада на патот Д55 и покрај повиците на семејството на жртвата против тоа.[16]Српските медиуми објавиле дека жртвата носела српска тробојка и била убиена од страна на Хрват, додека истата вечер двајца хрватски полицајци биле земени како заложници во Борово во настанот што следниот ден ќе доведе до Битката кај Борово Село, што ќе доведе до директна вмешаност на Југословенската народна армија во судирот во регионот.[17]
САО Источна Славонија, Барања и Западен Срем била прогласена на 25 јуни 1991 година, а на 26 јуни нејзин прв претседател бил прогласен Горан Хаџиќ.[18]
Вклучување во Република Српска Краина
Првично, тоа било посебна српска автономна област, но подоцна се приклучила на Република Српска Краина (РСК) во февруари 1992 година.[19] Нејзините граници биле воспоставени до крајот на 1991 година како вкоренети линии на фронтот во првата фаза од Хрватската војна за независност. До август 1995 година, Источна Славонија, Барања и Западен Срем де факто биле дел од Република Српска Краина, додека де јуре сè уште дел од Хрватска, според Резолуцијата 753 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Регионот немал своја месна/регионална администрација во рамките на РСК. Сепак, тој бил значително повеќе усогласен со политиките на СР Југославија во споредба со западниот главен дел од усогласувањето на РСК со Република Српска, особено откако СР Југославија вовела санкции кон Република Српска во 1994 година.[20] Кога по Операцијата „Блесок“, Република Српска во 1995 година и Република Српска Краина ја објавиле својата намера да се залагаат за обединување, месното раководство во Источна Славонија ја отфрлило идејата и створила Координативен комитет тврдејќи дека потегот ќе ја продлабочи кризата и ќе ги оштети намерите на Белград да постигне мир во Босна и Херцеговина.[20] Властите на РСК во Книн прогласиле цел на Координативниот комитет да биде отцепување на Источна Славонија од РСК, тврдејќи дека регионот повеќе не е под контрола на Книн туку на Белград.[20]
Географија
Територијата на поранешната САО Источна Славонија, Барања и Западен Срем била дел од средноевропскатаПанонска Низина. Источната граница на областа била претежно реката Дунав, додека приближно една третина од западната граница била реката Драва. Природниот резерват Копачки Рит сместен во близина на сливот на Драва и Дунав образувал голема географска пречка - немало патни или железнички врски меѓу Барања и јужните делови на територијата, освен преку тоа што е сега Србија.
Источна Славонија е претежно рамна област, со најдобар вид почва каде што земјоделството е високо развиено, особено на полињата со пченица, а има и неколку шуми како и лозја.
Сообраќајот преку Автопатот „Братство и единство“ (денес А3) бил во прекин со формирањето на ESBWS. Водениот сообраќај преку реката Дунав продолжува непречено. Реката Драва во тоа време не била пловна. Затворени се и железничката линија меѓу Загреб и Белград и сообраќајот меѓу Будимпешта и Сараево што минува низ областа.
Население
Населението на оваа област било етнички мешано. Пред војната, вкупното население на областа броело 192.163 жители и го сочинувале:
За време на Хрватската војна за независност, во оваа област живееле 109.500 Срби од вкупно 160.000.[19] што значи дека бројот на Срби кои живеат таму е речиси двојно зголемен, додека општото население е намалено.
Обвиненијата за воени злосторства поднесени од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија против водачот на хрватските Срби во регионот, Горан Хаџиќ, укажуваат дека практично целото хрватско и другото несрпско население во регионот било или убиено, депортирано или на друг начин насилно отстрането од областа.[21]
Главни градови во областа биле Вуковар и Бели Манастир. Други значајни места биле Борово Село, Дарда, Даљ, Илок и Тења.
Наследство
По распаѓањето на РСК во август 1995 година, регионот повторно бил реконституиран како Источна Славонија, Барања и Западен Срем. По Ердутскиот договор од ноември 1995 година, тој потоа бил контролиран од Преодната администрација на Обединетите нации за Источна Славонија, Барања и Западен Срем. По војната, сите градови и општини во регионот биле назначени подрачја на посебен државен интерес. Денес, интересите на етничките Срби во регионот, ги застапува Мешовитиот совет на општините.
Bartrop, Paul Robert (2012). „Hadžić, Goran (b. 1958)“. A Biographical Encyclopedia of Contemporary Genocide: Portraits of Evil and Good. ABC-CLIO. ISBN9780313386787.