Светско првенство во ракомет за мажи 2015 — 24. светско првенство во ракомет за мажи организирано од Меѓународната ракометна федерација (МРФ, IHF). Првенството се одржало во Катар, од 15 јануари до 1 февруари 2015 година. Катарската кандидатура била избрана во конкуренција со Норвешка, Полска и Франција, на гласањето на советот на МРФ, одржано на 27 јануари 2011 година, во Малме, Шведска.[1] Ова е вторпат Светското првенство да биде одржано на Блискиот Исток, по првенството во Египет во 1999 година.
Натпреварите на првенството се одржуваат во Доха и во новосоздадениот град Лусаил.
За потребите на Светското првенство биле изградени три нови сали:
На првенството учествувале 24 репрезентации. Катар, како домаќин и Шпанија, како светски првак, биле автоматски квалификувани, со што останале 22 слободни места за најдобрите репрезентации од секој континентален турнир и победниците на дополнителните европски квалификации.
Со одлука на Меѓународната ракометна федерација, на 8 јули 2014 година, местото наменето за земја од Океанија било поништено врз основа на тоа дека Океанија нема континентална конфедерација. Претходно, државната репрезентација на Австралија се квалификувала на првенството во 2014 година, но, наместо неа, со специјална покана, за учество на Светското првенство во Катар била повикана земјата со највисок рангирање од претходното светско првенство (Германија), а која не обезбедила место за првенството во Катар.[2] Подоцна, уште пред почетокот на СП настанале проблеми, откако репрезентациите на Бахреин и на Обединетите Арапски Емирати на 7 ноември 2014 година го откажале учеството на првенството, при што двете репрезентации, како причина за отказот ги навеле политичките судири.[3][4][5] Како нивни замени биле избрани Исланд и Саудиска Арабија.[6]
Ждрепката била одржана на 20 јули 2014 година во Доха, Катар.[7][8]
Шеширите во кои биле расподелени земјите биле објавени на 11 јули 2014 година.[9]
Вкупно биле избрани 18 судиски двојки за првенството:[10]
Распоредот на натпреварите бил објавен на 21 август 2014 година.[11][12] Нов распоред бил објавен на 12 декември 2014 година.[13][14] Првите четири екипи од секоја продолжуваат во следната елиминациска фаза.
Сите времиња се по средноевропско време (UTC+1).
Рег.: 24–24 Прод.: 5–4
Рег.: 28-28 Прод.:
Рег.: 27-27 Прод.: 3-1
ФранцијаПетта титула
Вилијам Акамбреј, Игор Аниќ, Ксавие Бараше, Сирил Думулин, Шером Фернандес, Матиу Гребил, Микаел Гигу, Самуел Онрубиа, Гијом Жоли, Лука Карабатиќ, Никола Карабатиќ, Кентин Мае, Даниел Нарсис, Алис Кевин Њокас, Тјери Омејер, Валентин Порт, Седрик СораиндоСелектор: Клод Онеста, Помошник селектор: Дидје Динар
Идеален состав на првенството:
Извор: IHF.info Архивирано на 22 јануари 2015 г.
Извор: IHF.info Архивирано на 1 февруари 2015 г.
Германија 1938 • Шведска 1954 • Источна Германија 1958 • Западна Германија 1961 • Чехословачка 1964 • Шведска 1967 • Франција 1970 • Источна Германија 1974 • Данска 1978 • Западна Германија 1982 • Швајцарија 1986 • Чехословачка 1990 • Шведска 1993 • Исланд 1995 • Јапонија1997 • Египет 1999 • Франција 2001 • Португалија 2003 • Тунис 2005 • Германија 2007 • Хрватска 2009 • Шведска 2011 • Шпанија 2013 • Катар 2015 • Франција 2017 • Данска/Германија 2019 • Египет 2021 • Полска/Шведска 2023 • Хрватска/Данска/Норвешка 2025 • Германија 2027 •
Југославија 1957 • Романија 1962 • Западна Германија 1965 • Холандија 1971 • Југославија 1973 • СССР 1975 • Чехословачка 1978 • Унгарија 1982 • Холандија 1986 • Јужна Кореја 1990 • Норвешка 1993 • Австрија и Унгарија 1995 • Германија 1997 • Данска и Норвешка 1999 • Италија 2001 • Хрватска 2003 • Русија 2005 • Франција 2007 • Кина 2009 • Бразил 2011 • Србија 2013 • Данска 2015 • Германија 2017 • Јапонија 2019 • Шпанија 2021 • Данска/Норвешка/Шведска 2023 •