Податоци за патеката и нејзиното поминување по делници и контролни точки на трасата
Неопходни информации за патеката: Патеката е долга 235 километри,со просечна надморска височина, првите четири дена, околу 2000 метри. Според неколку различни мерења и снимања со GPS уреди при неколкуте поминувања на патеката во 2014, 2015, 2016, 2019 година се измерени должини од 188, 190 и 225 километри[1]. Оваа разлика во должината се должи на искачувањата на планинските врвови покрај патеката (на пр. искачувањето на Титов Врв (KT4) и Меденица (KT6) подразбираат по повеќе од десетина дополнително изодени километри)[1]. Во зависност од временските услови кои може да опфаќаат сончеви летни горештини и повеќечасновно невреме со пороен дожд, град, грмотевици како и подготвеноста на ученсниците што се одразува на брзината на движењето, патеката може да се помине во времетраење од најмалку 6 или 7 до најмногу 9 или 10 денови. Организираното поминување на трансверзала се одвива во летниот период кон крајот на месец јуни или (најчесто) почетокот на јули, но можно е тоа да се направи во периодот од јуни до септември, во зависност од временската прогноза и услови на теренот, особено издашноста на водните извори крај патеката, која може да варира по месеци и години.
Делници со опис на движењето и поминувањето со кампувања
Минувањето на патеката на Првата западна македонска трансверзала се одвива по јасно утврдена траса која е поделена на делници со предвидени места за кампување и изминување во неколку денови, кои во зависност од временските услови и подготвеноста и телесната состојба на учесниците-планинари може да опфатат најмалку 7, а највеќе 9 до 10 денови, со претежно минување во 9 дена и 8 ноќевањеа. Низ неколкуте минувања во разните години и различните услови и околности, должината на делниците и кампувањата претрпувале мали изменувања. Во различни години, трасата на поминувањето имала и поголеми измени, па така во осумдесетите години на ХХ век кога имало и поголем број на учесници од странство, патеката опфаќала и искачување на планините Кораб и Крчин па по спуштањето во долината на Радика и посетата на познатиот Бигорски Манастир, се искачувала Бистра по патеката од селото Јанче до Галичник, каде се посетувала и манифестацијата Галичка свадба.
Во најпрвичната траса и замисла првото („нулта“) ноќевање било во Планинарски дом „Љуботен“, кое од 2017 година е заменето со поставување на камп со шатори на планинското седло - преслап под врвот Љуботен кон врвот Ливадица, со што е добиено значително многу време за следниот ден, па така е поместено и дотогаш утврденото кампување крај Доброшки Езера под гребенот Езерско со поминување на целиот тесен и каменест Чаушички Срт, Пескови и Бистрица со кампување кај преседлината Дојран под преслапот на Црн Врв. Сепак, делниците на точно утврдената траса на патеката и кампувањата може да се поминуваат и поставуваат по проценка и одлука во зависност од временските услови и телесната подготвеност и состојба на учесниците-планинари на самото место секоја година, опфаќајќи ги точно утврдените контролни точки, кои исто така се искачуваат по можност и одлука на секој учесник-планинар.
Најпрвичното и вообичаено поминување на Западната македонска трансверзала ги опфаќа(ло) следните кампувања и ноќевања: Планинарски дом „Љуботен“ - прво - „нулта“ ноќевање; Доброшки Езера под гребен Езерско - камп 1 - второ ноќевање; Караниколичко Езеро - камп 2 - трето ноќевање; извори на река Пена - камп 3 - четврто ноќевање; под врвот Лера - камп 4 - петто ноќевање; селска ливада (кај фудбалското игралиште) во Галичник - камп 5 - шесто ноќевање; ливада на сретсело Лазарополе - камп 6 - седмо ноќевање; планински гребен Голема Мегданица на Стогово - камп 7 - осмо ноќевање; завршеток на трансверзалата во Црвена Вода и можност за (девето) ноќевање во извидничкиот камп во Охрид.
Поминување на Првата - Западна македонска трансверзала во 2022 година по делници и денови
вода од 2 извори: под Козја Стена на македонска страна и извор Плавило на косовска страна, по 7-8 мин. пешки
Се започнува со одење пеш од Старо Село низ шумата по обележаната патека до Планинарскиот дом „Љуботен“. Пред домот си земаат ранците, кои до таму може да се пренесат со џип или трактор, се полни вода и продолжува нагоре, кај месноста Џандарска Бука се скршнува лево, се прави мала пауза за одмор во мала тревната вдлабнатинка-цирк, се пресекуваме сипарот-камењар и се излегува кај големата карпа Козја Стена и над неа се доаѓа на планинското седло каде што се поставуваат шаторите за кампот на првото ноќевање. Без ранци, на зајдисонце го искачуваме врвот Љуботен кој е прва контролна точка на Трансверзалата.
камп на: преседлина Дојран - Бистрички Бачила (разрушен некогашен планинарски заслон) на седлото под Црн Врв
вода од извори: под Ливадица, над Горно Доброшко Езеро (ќе се симнеме само неколкумина другите ќе не почекате на седлото меѓу Езерска Чука и Езерски Врв), крај кампот кај разрушениот планинарски заслон (Кучибаба/Рогопеч)
Најдолга и најтешка, но убава и интересна делница, по тесниот и каменесто-карпест но восхтиувачки срт, посебно потегот од Езерско, Чаушица, Пескови до Бистрица. Се одат 12/13 часа, и скоро 33 километри. Во овој предел под гребенот на Езерски Врв може да се постави и првиот камп со шатори кај Доброшките Езера, но со измената првично да се кампува на планинското седло под Љуботен, се добива многу на време и во овој дел се стасува релативно многу рано, околу пладне или 13-14 часот, што во летно, убаво и ведро и топло време со долга дневна светлина овозможува а да се помине целиот тесен и каменест шарпланински срт, кој нуди восхитувачки глетки на бројни планински врвови, гребени, езера.
вода од извори: неколку извори под Кобилица, Трескавец, Љубински Уши, Вртоп, Шилеџе и крај Караниколичко и Скакаличко Езеро.
Убава пократка делница, која обично досега се завршува на Караниколичко Езеро каде се поставува кампот со шатори, но бидејќи обично се доаѓа таму меѓу 11:50, 12 и 13 часот, во услови кога денот е најдолг (се стемнува речиси во 21), по проценика доколку се има сили да не се губи време, може да се направи убава долга пауза/одмор со гозба, сончање и капење во Караниколичко Езеро со времетраење од 2, 3 (па и 4) часа и преку Шереметица и Бриња Шахит за 2 часа да стигне и постави камп крај Скакаличко Езеро.
Ден 4: Скакаличко Езеро - Изори на Пена - Трпезница - Челепино - Шутман - Врачанско Езеро
вода од извори: извори на Пена, соѕидана чешма на Шутман, извори на Радика, крај Горно Врачанско Езеро.
Вообичано, се кампува на тревнатото зарамнето планинско било кај изворите на реката Пена и од тука се искачува Титов Врв кој е четврта контролна точка (КТ 4), но бидејќи денот е многу долг, а рано се стигнува на изворите на Пена, бидејќи делницата е многу лесна и се оди по тревнато планинско било од Скакала, Маја, Залина, Клеч, Косович може да се продолжи преку преслапот на вододелницата меѓу извориштата на реките Пена и Смрека, веднаш крај врвовите Џинибег, Трпезница и Челепински Врв преку висорамнината Шутман зад западните падини на гребените на врвовите Бориславец-Езерски Рид и Рудока се до Враца. Искачувањето на Титов Врв од оваа страна е многу тешко и напорно, по исклучителна стрмнина и каменесте дел со ситен сипар од раздробени камења на западната падина на врвот Мал Турчин пристапувајќи од кај Кривошија, при што опфаќа 5 часа и знае да одземе снага за следниот ден долго пешачење, по долгите тревнати висорамнински предели.
вода од извори: под Лера, чешма над Дуф, Маврово, ски-терени, Белчевица (на селска ливада кај игралиштето).
Вообичаено кога се кампува и тргнува од изворите на Пена, одејќи 12 часа и 30 км се стигнувале (околу 15:30) и поставува камп под врвот Лера, кој што ја претставува последна петта контролна точка на Шар Планина. Сепак, ако се кампува кај Врачанско Езеро или Расенгул се добива доволно време да се измине целиот пат и порано да се стигне во Маврови Анови, каде веќе се доаѓа во цивилизација, и учесниците се почестуваат со ручек во меаните, се докупуваат и надополнуваат залихи, се капе (со сапун! ) во Мавровско Езеро и од тука може да се искористи можност, со превоз некои од учеснитие да отиде со ранците и товарот до Галичник, а другите пеш по печалбарската патека и скијачките терени на Бистра да стигнеме до Галичник, каде пак има меаничиња, продавница, можности за гозба и дружба.
камп на: ливада спроти амбуланата во Лазарополе / ливада во шумата кај Св.Петкина вода над Гари / Голема Мегданица на Стогово
вода од извори и чешми: Белчевица (камп), Селце (најголем извор), Тресонче,
Лазарополе, Гари, Мегданица под Бабин Срт
Убава делница која оди низ густа букова шума и сенки и ливади со шумски плодови - јаготки, малини, капини, црни планински цреши (Мијалчо Божиновски ја нарекува „витаминска патека“). Доколку има сили и расположение, вообичаено утрото штом се стане во Галичник се оди до врвот Меденица (КТ6) над Галичник, па потоа да се врати во кампот и да продолжи, низ густите шуми во сенка и ладовина спуштајќи се до селото Селце каде има прекрасна обилна стара ѕидана чешма со студена вода и од таму се стигнува до Тресонче од каде што по земјениот колски пат низ шумата се искачува до Лазарополе. Вообичаено, се кампува во Лазарополе, каде има голема продавница, хотел и се купува сирење за гозба од задругата, но бидејќи цела делница е 5 часа и имаме доста време и долг ден, може да се продолжи со спуштање од Лазарополе до Гари каде што исто така има убав ресторан и од тука по шумскиот пат се искачуваме на Стогово над Голема Мегданица пред врвот Бабин Срт.
Ден 7: (Лазарополе) Гари - Мегданица на Стогово - Бабин Срт - Караорман - завршеток на трансверзалата во с. Црвена Вода (Охридско)
камп: Извиднички Камп во Охрид (има можност за преноќување кој сака)
вода: извор над Мегданица, чешма кај партизански споменик на Караорман
Последна делница на трансверзалата, го искачуваме врвот Бабин Срт кој е последна осма контролна точка (КТ8) од кој се гледа Охридското Езеро на југ, но и Љуботен и сите планини и изминатата траса на север. Потоа само се спуштаме по тревнати предел на Стогово до шумите на Караорман, каде треба да внимаваме на многуте патишта за дрвосеча (кои се испреплетени и некои учесници во минатото и промашувале завршувајќи во Ботун и струшко Мислодежда), но сепак пред Орли Врв имаме ставено нови обележани маркации и нема да промашиме до крајната точка во с.Црвена Вода, од каде со организиран превоз ќе отидеме до извидничкиот камп во Охрид.
Контролни точки
На Западната македонска трансферзала се утврдени 8 котролни точки (скратено: КТ), чие што поминување е предвидено за заведување во Дневникот на трансферзалата, додавање на печати на врвовите и приложување доказ за успешно поминување на трансверзалата. Котролни точки на Првата - западна македонска трансверзала (ЗМТ) се:
Опремата која се носи треба да е комплетна но не претешка. Со оглед дека првите четири до пет денови се поминуваат околу 100-120 километри по целиот планински срт и било на Шар Планина надвор и далеку од цивилизација, потребно е да се носи шатор, кој може да се подели на неколку учесници кои ќе ноќеваат во него, вреќи за спиење и постилки-подметачи (изомати), челни ламби-светилки како и залихи на храна за 5 денови, поради неможноста од нивното надополнување по целиот овој предел. Храната е препорачливо да не биде многу тешка и да опфаќа леб, сувомеснати и млечни производи, јаткасто и суво овошје кои се подолготрајни и не се брзо расипливи и воедно не тежат премногу (како конзерви), а секако во рамки на групата може да се носи и горилник за подготвување на супи и варива за прехрана во кампувањата. Во современите улови многумина добро упатени учесници понесуваат и дехидрирана и специјално приготвена (протеинско-витаминска) исхрана. Многу важен дел од опремата во однос на облеката се и капа и очила, крема за заштита од сонце бидејќи во првиот дел по сртот и билото на Шар Планина, постојано се оди на голина без никаква сенка од ниту едно дрво, заради што во услови на летни горештини се појавува опасност од сончаница. Облеката треба да опфаќа и кабаница-јакна за дожд, неколку резервни маици (памучни или модерни со непотечки, брзосушечко предиво-материјал т.н. dry-fit) и панталони под долги и кратки ракави и ногавици и задолжително носење по 2 пара чорапи додека се движи заради заштита од појавување на плускавци при секојденвното долготрајно пешачење со тешок товар. Пожелно е да се носи и хартија од весници која може да послужи за впивање на влагата од чевлите и шаторите при услови на намокрување од дожд или кондензација на шаторите при кампување крај влажни тревнати предели после дожд и утринска роса или пак крај езера. Вкупната тежина на ранците кои се носат е препорачлива да биде од 15-16 килограми, во исклучителни поединечни случаи може да биде и најмногу до 20 килограми.
Историјат
Поставена е во 1974 година од група планинари од Планинарското друштво ЕЛЕМА при Електро-машинскиот факултет во Скопје во состав Петар Митров, Зоран Тозија, Климе Батунков, Митре Недановски и Мијалчо Божиновски кој потоа ги изработува официјалниот Дневник на трансверзалата за пополнување на секој учесник и значките кои се доделуваат на сите учесници за успешно поминување на трансверзалата, и заедно со Зоран Костадинов десетина години по ред водат над стотина македонски и странски планинари кои ја поминуваат трансверзалата, која пак е опишана и во неколку странски списанија за планинарство[1]. Првичното поминување на трансферзалата во 1974 година било само по целото протегање на Шар Планина до Маврово, при што тогаш поминувањето на трасата било со спуштање во долината на Лешница и искачување на Попова Шапка, а веќе од следната 1975 година трансверзалата била целосно помината се до Охрид. Во сегашната траекторија на основа искуствата од предходните повеќегодишни поминувања,патеката е официјално отворена во 1985 година[1]. По дваесет годишен прекин од 1994, заради војните и воените дејствија во пределите низ кои минува трансверзалата, таа е повторно возобновена во 2014 година, од кога постојано без прекин се одржува до денешен ден, секоја година во летниот период кон крајот на месец јуни или (најчесто) почетокот на јули. Во минатото се правени и неколку сериозни обиди за зимско поминување на целата патека на трансверзалата, последен пат во 1994 година, за што наменски биле потготвувани и оставани залихи на храна на одредени места, но на 4 пати е поминат само планинскиот срт на првата половина на Шар Планина од Љуботен до Титов Врв, а поради исклучително високата снежна покривка (и над 4 метри) на висорманината Шутман, движењето понатаму по Шар Планина било невозможно да се продолжи, дури и со поседување на дрезги-снеготохки за одење низ длабок снег. По по повеќе годишни обиди, во 2023 година во два наврати Западната Македонска Трансверзала е помината брзински со планиско трчање за време од 2 дена и 2 часа.