Подџуџе

Подџуџеѕвезда со сјајносна класа VI според Јеркисовата спектрална класификација. Се дефинираат како ѕвезди со сјајност за 1,5 до 2 величини помала од онаа на ѕвездите од главната низа со ист спектрален тип. На Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм (ХР-дијаграм) подџуџињата се сместени под главната низа.[б 1]

Поимот „подџуџе“ го вовел астрономот Герард Кајпер во 1939 г. како збор за низа од ѕвезди со аномални спектри кои претходно се нарекувале „преодни бели џуџиња“.[1]:{{{1}}}

Оттогаш дефиницијата е проширена, и ги опфаќа ѕвездите со помала маса отколку што било познато тогаш. Астрономите исто така откриле сосема различна група на бело-сини подџуџиња, поради што сега постојат две категории: ладни подџуџиња и врели подџуџиња[б 1]

Ладни (црвени) подџуџиња

Како и обичните ѕвезди од главната низа, ладните подџуџиња (спектрални типови од G до M) ја произведуваат енергијата од водородно соединување. Нивната помала сјајност се должи на малата металичност: овие ѕвезди не се збогатени со елементи потешки од хелиум. Малата металичност ги намалува непроѕирноста на надворешните слоеви и зрачниот притисок, што води до помала и поврела ѕвезда за дадена маса.[2] Оваа помала непроѕирност исто така им овозможува да лачат поголем постоток на ултравиолетова светлина за истиот спектрален тип во споредба со ѕвездите од населението I — одлика наречена ултравиолетов вишок.[1]:{{{1}}} Тие обично се припадници на ореолот на Млечниот Пат и често имаат поголема просторна брзина во однос на Сонцето.[3]

Постојат ладни подџуџиња од спектралните типови L и T, како на пр. ULAS J131610,28+075553,0 со спектрален тип sdT6,5.[3]

Ова се поткласите на ладните подџуџиња:[4][5]

ладно подџуџе
Примери: Каптајнова Ѕвезда (sdM1), GJ 1062 (sdM2,5)
крајно подџуџе
Пример: APMPM J0559-2903 (esdM7)[6]
ултраподџуџе
Пример: LSPM J0822+1700 (usdM7,5)[5]

Подџуџиња од типовите L, T и Y

Малата металичност на подџуџињата оди заедно со нивната голема старост. Раната вселена содржела мало количество на елементи потешки од хелиумот и образувала ѕвезди како кафеави џуџиња со помала металичност. Дури подоцна телата како супернови, планетарните маглини и спојувањата на неутронски ѕвезди ја збогатиле вселената со потешки елементи. Затоа, старите подџуџиња често им припаѓаат на најстарите структури на Млечниот Пат, главно на дебелиот диск и галактичкиот ореол. Телата во дебелиот диск или ореолот имаат голема просторна брзина во споредба со Сонцето, кое е сместено во помладиот тенок диск. Големото сопствено движење е корисно за откривање на подџуџиња. Покрај тоа, подџуџињата имаат спектралнни особини кои ги одликуваат од подџуџињата со сончева металичност. Сите подџуџиња имаат потиснат близуинфрацрвен спектар, претежно H-појасот и K-појасот. Малата металичност го зголемува впивањето предизвикано од судар на водород, што е причинител за потиснатоста. Ова се забележува како сини инфрацрвени бои во споредба со кафеавите џуџиња со сончева металичност. Малата металичност исто така ги менува другите впивни одлики како подлабоки појаси на CaH и TiO на 0,7 μм кај L-подџуџињата, послаб VO-појас на 0,8 μм кај раните L-подџуџиња и посилен FeH-појас на 0,99 μм за средните до доцните L-подџуџиња.[7] 2MASS J0532+8246 е откриен во 2003 г. како првото подџуџе од типот L,[8] подоцна прекласификувано како крајно подџуџе.[7] Подџуџињата од типот L имаат поттипови слични на џуџињата од типот M: подџуџе (sd), крајно подџуџе (esd) и ултраподџуџе (usd), дефинирани според зголемената металичност, во споредба со сончевата металичност, која се дефинира на логаритамска скала:[7]

  • подџуџињата имаат
  • крајните подџуџиња имаат и
  • ултраподџуџињата имаат
  • Сонцето е мерило со по дефиниција.

За подџуџињата од типот T познат е само мал примерок на подџуџиња и крајни подџуџиња.[9]

2MASSI J0937347+293142 во 2002 г. било првото тело-кандидат за подџуџе од типот T[8] и во 2006 г. неговата мала металичност била потврдена.[10] Првите две крајни подџуџиња од типот T се откриени во 2020 г. од учесниците во проектот „Backyard Worlds“. Тие се WISEA 0414−5854 и WISEA 1810−1010.[9] Подџуџињата од типот T и Y имаат помалку метан во атмосферата поради помалата концентрација на јаглерод во нив. Ова дава посина боја во споредба со телата со слична температура, но со сончева металичност.[11] Бојата на T-типовите како единствен критериум за класификација може да наведе на погрешни заклучоци. Најблиската непосредно сликана вонсончева планета COCONUTS-2b првично била класфикувана како подџуџе од типот T заради нејзината боја, притоа немајќи голема тангенцијална брзина. Дури во 2021 г. се дознало дека се работи за вонсончева планета.[12]

Првиот кандидат за подџуџе од типот Y е откриен во 2021 г. — кафеавото џуџе WISE 1534–1043, кое прикажува умерена црвена боја (ch1-ch2 = 0,925±0,039 mag). Многу црвената боја помеѓу J и ch2 (J-ch2 > 8,03 mag) и апсолутната сјајност би укажале на многу поцрвена ch1-ch2 боја од 2,4 до 3 mag. Поради распоредот на новите модели на подџуџиња, заедно со големата тангенцијална брзина од 200 км/с, се смета дека најверојатно се работи за студено кафеаво џуџе со многу малку метал, можеби првото подуџуџе од типот Y.[13]

Ѕвездените двојки помагаат во одредувањето на староста и масата на овие подџуџиња. Подџуџето VVV 1256-62B (sdL3) е откриено како придружник на ореолно бело џуџе, поради што староста е измерена на 8,4 до 13,8 милијарди години. Има маса од 84 до 87 MJ, што значи дека веројатно е црвено џуџе.[14] Подџуџето Волф 1130C (sdT8) е придружник во стара двојка подџуџе-бело џуџе, чија старост се проценува на повеќе од 10 милијарди години. Има маса од 44,9 MJ, што значи дека е кафеаво џуџе.

Примери за ладни подџуџиња

Врели (сини) подџуџиња

Врелите подџуџиња од синкавите спектрални типови O и B се сосема различна класа на тела од ладните подџуџиња; се нарекуваат и „крајни ѕвезди на хоризонталната гранка. Врелите подџуџиња претставуваат доцна фаза во развојот на некои ѕвезди, до која доаѓа кога еден црвен џин ќе ги загуби надворешните водороден слоеви пред јадрото да почне да гори хелиум.

Причимите за предвремената загуба на водородната обивка е нејасна, но за еден од главните механизми се смета заемодејството на ѕвездите во двоен систем. Единечните подџуџиња може да бидат последица од спојувањето на две бели џуџиња или грацитациско влијание од подѕвездени придружници. Подџуџињата од типот B, како посјајни од белите џуџиња, се значајна составница на населението на врели ѕвезди во стари ѕвездени системи како збиените јата и елиптичните галаксии.[15][16]

Тешкометални подџуџиња

Тешкометалните подџуџиња се вид на врели подџуџиња со голема концентрација на тешки метали. Содржат германиум, стронциум, итриум, циркониум и олово. Познати примери за вакви ѕвезди се HE 2359-2844, LS IV-14 116 и HE 1256-2738.[17]

Белешки

  1. 1,0 1,1 Врелите подџуџиња сè уште се среќаваат многу ретко, и затоа нивното место на ХР-дијаграмот засега останува необележано. Би требало да се наоѓаат една пруга пониско од главната низа, под натписот „низа“ на ХР-дијаграмот најгоре.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Croswell, K. (1995). The Alchemy of the Heavens. New York, NY: Oxford UP. стр. 87–92.
  2. Kaler, James (1989). Stars and their Spectra. Cambridge, UK: Cambridge UP. стр. 122.
  3. 3,0 3,1 Burningham, Ben; Smith, L.; Cardoso, C.V.; Lucas, P.W.; Burgasser, Adam J.; Jones, H.R.A.; Smart, R.L. (мај 2014). „The discovery of a T6.5 subdwarf“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (англиски). 440 (1): 359–364. arXiv:1401.5982. Bibcode:2014MNRAS.440..359B. doi:10.1093/mnras/stu184. ISSN 0035-8711.
  4. Burgasser, Adam J.; Kirkpatrick, J. Davy (2006). „Discovery of the coolest extreme subdwarf“. The Astrophysical Journal. 645 (2): 1485–1497. arXiv:astro-ph/0603382. Bibcode:2006ApJ...645.1485B. doi:10.1086/504375. S2CID 10911965.
  5. 5,0 5,1 Lépine, Sébastien; Rich, R. Michael; Shara, Michael M. (ноември 2007). „Revised metallicity classes for low-mass stars: Dwarfs (dM), subdwarfs (sdM), extreme Subdwarfs (esdM), and ultrasubdwarfs (usdM)“. Astrophysical Journal (англиски). 669 (2): 1235–1247. arXiv:0707.2993. Bibcode:2007ApJ...669.1235L. doi:10.1086/521614. ISSN 0004-637X.
  6. Schweitzer, A.; Scholz, R.-D.; Stauffer, J.; Irwin, M.; McCaughrean, M.J. (1999). „APMPM J0559-2903: The coolest extreme subdwarf known“. Astronomy and Astrophysics. 350: L62. Bibcode:1999A&A...350L..62S.
  7. 7,0 7,1 7,2 Zhang, Z.H.; Pinfield, D.J.; Gálvez-Ortiz, M.C.; Burningham, B.; Lodieu, N.; Marocco, F.; и др. (јануари 2017). „Primeval very low-mass stars and brown dwarfs - I. Six new L subdwarfs, classification and atmospheric properties“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 464 (3): 3040–3059. arXiv:1609.07181. Bibcode:2017MNRAS.464.3040Z. doi:10.1093/mnras/stw2438. ISSN 0035-8711.
  8. 8,0 8,1 8,2 Burgasser, Adam J.; Kirkpatrick, J. Davy; Burrows, Adam; Liebert, James; Reid, I. Neill; Gizis, John E.; и др. (август 2003). „The first substellar subdwarf? Discovery of a metal-poor L dwarf with halo kinematics“. The Astrophysical Journal. 592 (2): 1186–1192. arXiv:astro-ph/0304174. Bibcode:2003ApJ...592.1186B. doi:10.1086/375813. ISSN 0004-637X. S2CID 11895472.
  9. 9,0 9,1 Schneider, Adam C.; Burgasser, Adam J.; Gerasimov, Roman; Marocco, Federico; Gagne, Jonathan; Goodman, Sam; и др. (24 јули 2020). „WISEA J041451.67-585456.7 and WISEA J181006.18-101000.5: The first extreme T-type subdwarfs?“. The Astrophysical Journal. 898 (1): 77. arXiv:2007.03836. Bibcode:2020ApJ...898...77S. doi:10.3847/1538-4357/ab9a40. ISSN 1538-4357. S2CID 220403370.
  10. Burgasser, Adam J.; Burrows, Adam; Kirkpatrick, J. Davy (2006). „Method for determining the physical properties of the coldest known brown dwarfs“. The Astrophysical Journal. 639 (2): 1095–1113. arXiv:astro-ph/0510707. Bibcode:2006ApJ...639.1095B. doi:10.1086/499344. ISSN 0004-637X. S2CID 9291848.
  11. Meisner, Aaron M.; Schneider, Adam C.; Burgasser, Adam J.; Marocco, Federico; Line, Michael R.; Faherty, Jacqueline K.; и др. (2 јуни 2021). „New Candidate Extreme T Subdwarfs from the Backyard Worlds: Planet 9 Citizen Science Project“. The Astrophysical Journal. 915 (2): 120. arXiv:2106.01387. Bibcode:2021ApJ...915..120M. doi:10.3847/1538-4357/ac013c.
  12. Zhang, Zhoujian; Liu, Michael C.; Claytor, Zachary R.; Best, William M.J.; Dupuy, Trent J.; Siverd, Robert J. (1 јули 2021). „The second discovery from the COCONUTS Program: A cold wide-orbit exoplanet around a young field M dwarf at 10.9 pc“. The Astrophysical Journal Letters. 916 (2): L11. arXiv:2107.02805. Bibcode:2021ApJ...916L..11Z. doi:10.3847/2041-8213/ac1123. S2CID 236464073 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).
  13. Kirkpatrick, J. Davy; Marocco, Federico; Caselden, Dan; Meisner, Aaron M.; Faherty, Jacqueline K.; Schneider, Adam C.; и др. (јуни 2021). „The enigmatic brown dwarf WISEA J153429.75-104303.3 (a.k.a. "the Accident")“. The Astrophysical Journal Letters (англиски). 915 (1): L6. arXiv:2106.13408. Bibcode:2021ApJ...915L...6K. doi:10.3847/2041-8213/ac0437. ISSN 2041-8205. S2CID 235651911 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).
  14. Zhang, Z. H.; Raddi, R.; Burgasser, A. J.; Casewell, S. L.; Smart, R. L.; Galvez-Ortiz, M. C.; Jones, H. R. A.; Baig, S.; Lodieu, N.; Gauza, B.; Pavlenko, Ya. V.; Jiao, Y. F.; Zhao, Z. K.; Zhou, S. Y.; Pinfield, D. J. (27 јули 2024). „Primeval very low-mass stars and brown dwarfs -- VIII. The first age benchmark L subdwarf, a wide companion to a halo white dwarf“. MNRAS. arXiv:2407.19219.
  15. Jeffery, C. Simon (2005). „Pulsations in Subdwarf B Stars“. Journal of Astrophysics and Astronomy. 26 (2–3): 261–271. Bibcode:2005JApA...26..261J. doi:10.1007/BF02702334. S2CID 13814916.
  16. Geier, S.; Edelmann, H.; Heber, U.; Morales-Rueda, L. (2009). „Discovery of a close substellar companion to the hot subdwarf star HD 149382 — the decisive influence of substellar objects on late stellar evolution“. The Astrophysical Journal Letters. 702 (1): L96–L99. arXiv:0908.1025. Bibcode:2009ApJ...702L..96G. doi:10.1088/0004-637X/702/1/L96. S2CID 119282460.
  17. „Astronomers discover two heavy metal stars“. Astronomy. Sci-News.com. 2 август 2013. Посетено на 5 ноември 2016.

Read other articles:

Eckerd Open 1987, одиночний розряд Eckerd Tennis Open 1987Переможець Кріс ЕвертФіналіст Кейт ГомпертРахунок фіналу 6–3, 6–2Дисципліни одиночний розряд парний розряд ← 1986 · Eckerd Tennis Open · 1988 → Докладніше: Eckerd Tennis Open 1987 В одиночному розряді тенісного турніру Eckerd Tennis Open 1987, ...

 

Este artículo o sección tiene referencias, pero necesita más para complementar su verificabilidad.Este aviso fue puesto el 26 de octubre de 2022. IAM - Iniciativa Andina de Montañas La Iniciativa Andina de Montañas (IAM) es una plataforma de gobernanza conjunta en temas de desarrollo sostenible y conservación de las montañas, integrada por los siete países que cruza la Cordillera de los Andes: Argentina, Bolivia, Colombia, Chile, Ecuador, Perú y Venezuela.  Fue consolidada en el a

 

Viện Tiêu chuẩn Đức Deutsches Institut für Normung e.V.Tên viết tắtDINThành lập1917LoạiTổ chức Tiêu chuẩnTrụ sở chínhDIN-PlatzVị tríBerlin-TiergartenVùng phục vụ  ĐứcNgôn ngữ chính Tiếng ĐứcTrang webOfficial website Tòa nhà DIN ở DIN-Platz tại khu Berlin-Tiergarten Viện Tiêu chuẩn Đức, viết tắt là DIN theo tiếng Đức Deutsches Institut für Normung e.V., là tổ chức quốc gia Đức về tiêu chuẩn hóa và l

Templat:Karnatik Udayarawicandrika adalah sebuah rāgam dalam musik karnatik (skala musikal dari musik klasik India Selatan). Udayarawicandrika adalah sebuah rāgam audava (atau rāgam owdava, yang artinya skala pentatonik). Udayarawicandrika adalah sebuah rāgam janya (skala yang dikirimkan), karena Udayarawicandrika tidak memiliki seluruh tujuh swara (notasi musik). Udayarawicandrika sama dengan Dhani dalam musik Hindustan.[1][2] Struktur dan Lakshana Skala udayarawicandrika...

 

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Oktober 2022. Mardjono Poerbonegoro adalah dokter salah satu presiden Republik Indonesia. Presiden ke dua yang dikenal dengan bapak pembangunan adalah presiden Soeharto. Mardjono Poerbonegoro dipilih sebagai dokter pribadi selama lima belas tahun. Dokter Mardjono Po...

 

To Dear Myself (Hanzi: 亲爱的自己) adalah sebuah seri drama romansa Tiongkok tahun 2020 yang mulai tayang pada tanggal 7 September 2020 di Hunan TV. Seri tersebut mengisahkan tentang perjuangan 3 wanita dalam menghadapi masalah percintaan dan karir. Seri tersebut menampilkan Cecilia Liu, Zhu Yi Long, Kan Qing Zi, Peng Guan Ying, dan Li Zi Feng.[1] Sinopsis Tiga wanita dewasa yaitu Li Si Yu (Cecilia Liu), Yu Meng (Kan Qing Zi), dan Lei Hao Wen adalah sahabat dekat yang berteka...

PT Batam Bintan Telekomunikasi.JenisTerbukaIndustriTelekomunikasiDidirikan1996KantorpusatJl. Markisa no. 1, Batamindo Industrial park, Mukakuning, Batam, Kepulauan Riau, IndonesiaBatam, IndonesiaProdukTelepon Tetap, Jaringan Internet, dan Infrastruktur TelekomunikasiPemilikBatamindo Investment Cakrawala (100%)Situs webwww.bbt.co.id PT Batam Bintan Telekomunikasi (BBT) adalah perusahaan yang bergerak di bidang jasa telekomunikasi dan jaringan yang beroperasi di khusus di daerah kawasan industr...

 

Dit is een (onvolledige) chronologische lijst van beelden in Opsterland. Onder een beeld wordt hier verstaan elk driedimensionaal kunstwerk in de openbare ruimte van de Nederlandse gemeente Opsterland, waarbij beeld wordt gebruikt als verzamelbegrip voor sculpturen, standbeelden, installaties, gedenktekens en overige beeldhouwwerken. Voor een volledig overzicht van de beschikbare afbeeldingen zie: Beelden in Opsterland op Wikimedia Commons. Geplaatst Omschrijving Kunstenaar Straat Plaats Mate...

 

Social science that studies how economic activity affects and is shaped by social processes Not to be confused with Social economy. Part of a series onSociology History Outline Index Key themes Society Globalization Human behavior Human environmental impact Identity Industrial revolutions 3 / 4 / 5 Social complexity Social construct Social environment Social equality Social equity Social power Social stratification Social structure Perspectives Conflict theory Critical theory Structural funct...

ثورة سيمكو شيكاك جزء من انفصال الأكراد في إيران معلومات عامة التاريخ 1919 إلى 1922 الموقع شمال غرب ايران النتيجة قمعت الثورة وظهرت قيادة ايرانية جديدة المتحاربون الثوار ميليشيات الكردية غير النظامية الدولة العثمانية إيران القاجاريون (1919–1921) الدولة البهلوية (1921–1922) القادة سم...

 

Instrumental first recorded by Jeff Beck in 1966 Beck's BoleroFirst UK single pressing with Bolero as title and Jeff Beck as composerSingle by Jeff BeckA-sideHi Ho Silver LiningReleased10 March 1967 (1967-03-10)Recorded16–17 May 1966StudioIBC, LondonGenre Instrumental rock hard rock Length2:53Label Columbia Epic Songwriter(s)Jimmy Page (credited, see text)Producer(s)Mickie Most (credited, see text) Beck's Bolero is a rock instrumental recorded by English guitarist Jeff Beck i...

 

Album by Marc Douglas Berardo This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Further on Tomorrow – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (July 2016) (Learn how and when to remove this template message) Further on TomorrowStudio album by Marc Douglas BerardoReleased1998RecordedHayloft Studios, Milford, ConnecticutGe...

1962 film by C. V. Sridhar Nenjil Or AalayamTheatrical release posterDirected byC. V. SridharWritten byC. V. SridharProduced byC. V. SridharStarringKalyan KumarDevikaR. MuthuramanCinematographyA. VincentEdited byN. M. ShankarMusic byViswanathan–RamamoorthyProductioncompanyChithralayaRelease date 26 January 1962 (1962-01-26) Running time164 minutes[1]CountryIndiaLanguageTamil Nenjil Or Aalayam (transl. A Temple in the Heart) is a 1962 Indian Tamil-language romant...

 

Cet article est une ébauche concernant une commune de la Savoie. Vous pouvez partager vos connaissances en l’améliorant (comment ?). Le bandeau {{ébauche}} peut être enlevé et l’article évalué comme étant au stade « Bon début » quand il comporte assez de renseignements encyclopédiques concernant la commune. Si vous avez un doute, l’atelier de lecture du projet Communes de France est à votre disposition pour vous aider. Consultez également la page d’aide à...

 

Canadian racecar driver This article is about the racing driver. For the NFL player, see Ron Fellows (American football). NASCAR driver Ron FellowsFellows in 2007Born (1959-09-28) September 28, 1959 (age 64)Windsor, Ontario, CanadaAchievements2001 24 Hours of Daytona co-winner2003 American Le Mans Series GTS class champion2001, 2002, 2004 24 Hours of Le Mans GTS class winner2002, 2004 12 Hours of Sebring GTS class winnerNASCAR Cup Series career25 races run over 16 years2013 position44thB...

Soccer tournament season This article is about the Canadian national championship for the 2022 season. For the postponed tournament played in 2022, see 2020 Canadian Championship. Football tournament season 2022 Canadian ChampionshipChampionnat Canadien 2022Tournament detailsCountryCanadaDateMay 10 – July 26, 2022Teams13 (from 4 leagues)Final positionsChampionsVancouver Whitecaps FC (2nd title)Runner-upToronto FCTournament statisticsMatches played12Goals scored32 (2.67 per ma...

 

Species of bird Richard's pipit In Thailand Conservation status Least Concern (IUCN 3.1)[1] Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Chordata Class: Aves Order: Passeriformes Family: Motacillidae Genus: Anthus Species: A. richardi Binomial name Anthus richardiVieillot, 1818 Richard's pipit (Anthus richardi) is a medium-sized passerine bird which breeds in open grasslands in the East Palearctic. It is a long-distance migrant moving to open low...

 

Russian footballer This sports biography does not cite any sources containing significant coverage. Please help improve this article by adding citations to sources containing significant coverage. Sports biographies without significant coverage violate the requirement for such articles and may be deleted.Find sources: football – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (December 2022) (Learn how and when to remove this template message) Aleksandr Ma...

Super Smash Bros. Sampul kotak Amerika Utara Nama kode格闘ゲーム竜王 dan Dragon King: The Fighting Game PublikasiGenreBertarungKarakterMario, Link (en), Donkey Kong (karakter), Samus Aran (en), Yoshi, Kirby (karakter), Fox McCloud (en), Pikachu, Luigi, Ness (en), Captain Falcon (en), Jigglypuff dan Master Hand (en) Bahasa Daftar Inggris, Jepang, Jerman dan Prancis 60 Karakteristik teknisPlatformNintendo 64 Modepermainan video multipemain dan Permainan video pemain tunggal Format kode D...

 

José María Iparraguirre Información personalNacimiento 12 de agosto de 1820 Villarreal de Urrechua (España) Fallecimiento 6 de abril de 1881 (60 años)Ezquioga-Ichaso (España) Causa de muerte Neumonía Nacionalidad EspañolaFamiliaPadre Jose Agustin Iparragirre Información profesionalOcupación Bersolari, músico y escritor Conflictos Primera guerra carlista [editar datos en Wikidata] José María de Iparraguirre Balerdi (Villarreal de Urrechua, Guipúzcoa; 12 de agosto de 182...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!