Кина успешно ги одбранила сите 4 златни медали од претходните игри.[2]
Квалификации
Како домаќин, Велика Британија директно квалификувала 6 натпреварувачи; тим во машка конкуренција, од кој еден од натпреварувачите ќе се натпреварува во поединечна конкуренција, и тим во женска конкуренција, од кој една од натпреварувачките ќе се натпреварува исто така во поединечна конкуренција.[3][4]
Најдобите 28 машки и женски натпреварувачки на ранг списокот на Меѓународната Пинг-понг Федерација по Светското првенство во Пинг-понг 2011, кое завршило на 15 мај 2011 во Холандија, беа квалификувани во поединечна категорија. Ниту една држава не може да има повеќе од два претставника во поединечните категории на игрите, па така на некои натпреварувачи кои биле пласирани под 28-то место им било доделено место според нивниот ранкинг.[5]
Во периодот од 28 јуни2011 до 22 април2012 биле одржани 10 квалификациони турнири на кои место на игрите обезбедиле уште 40 натпреварувачи.[3] Последниот квалификациски турнир се одржал на 10 мај 2012 на кој уште два натпреварувачи во двете категории обезбедиле пласман на пинг-понг турнирот. Во двете категории била доделена по една специјална покана од страна на Меѓународната Пинг-понг федерација.
Во екипната категорија учествувале 16 екипи во двете конкуренции, составени од по 3 натпреварувачи. Освен Велика Британија, квалификацијата на преостанатите 15 екипи се засновала на бројот на квалификувани натпреварувачи во поединечна конкуренција како и на пласманот на екипите на Светското првенство во пинг-понг 2012 во екипна категорија.