Натпреварите во едрење на Летните олимписки игри 2012 ќе се одржат од 28 јули до 11 август во едриличарскиот центар Вејмут и Портланд во јужна Англија. Медали ќе бидат доделени во 10 дисциплини, а се очекува да настапат околу 380 натпреварувачи. Во споредба со натпреварите на претхдните игри, изменети се дисциплините во женска конкуренција. Така, наместо натревари во класата инглинг, воведени се натпревари во класата Елиот 6 m, додека класата торнадо е отфрлена од програмата.