Селото се наоѓа во областа Пијанец, во јужниот дел на територијата на Општина Делчево, од десната страна на реката Брегалница, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Пехчево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 17,1 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 799 хектари, на шумите отпаѓаат 738 хектари, а на пасиштата 115 хектари.[2]
Во август 2021 г. селото е зафатено од силен пожар, во чие гаснење учествувале разни служби и доброволци. Во пожарот целосно настрадале црквата и гробиштата.[4]
Стопанство
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[7]
Од ова село значителен дел од населението се иселил, така што, тоа преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година, селото броело 662 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 262 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Стар Истевник живееле 144 жители, од кои 143 Македонци и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 43 Македонци и 18 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
Доселеници:Балабанци (15 к.) доселени се во периодот од 1828 до 1885 година од селото Стар Истевник; Аџијовци (13 к.) и тие се доселени од селото Стар Истевник; Шарковци (9 к.) доселени се од Стар Истевник; Газарци (2 к.), Млекарци (7 к.), Самарџијовци (15 к.), Аралампијовци (11 к.), Гошировци (1 к.), Амалци (3 к.), Цековци (3 к.), Попевци (4 к.), Кантурци (5 к.), Маневци (8 к.), Цибевци (11 к.), Џефовци (7 к.) и Шутевци (1 к.) доселени се во различен период исто така од селото Стар Истевник; Борисовци (8 к.) доселени се во 1870 година од околината на Мелник во Бугарија (Пиринска Македонија); Цветковци (1 к.) доселени се во 1878 година од некое село кај Благоевград; Ватраковци (4 к.) доселени се во 1872 година од селото Смиланци кај Радовиш.[14]
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Стар Истевник, во која влегувале селата Нов Истевник и Стар Истевник.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Нов Истевник се наоѓале селата Вирче, Панчарево, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јуни 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 130. ISBN9989649286.