Иако по своите карактеристики Нов Дојран наликува на гратче,[2] сепак официјално не е прогласено за град.[3]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Богданци. Исто така, селото е сместено на западниот брег на Дојранското Езеро, како и на самиот пат Гевгелија-Стар Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри.[2] Селото е оддалечено 2,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 18 километри југоисточно од Валандово, 15 километри источно од Богданци и 25 километри источно од Гевгелија.
Атарот на селото зафаќа простор од 18,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.192 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 398 хектари, додека на пасиштата 241 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Меѓутоа, селото има и рибарска функција, бидејќи во него е седиштето на рибарската задруга. Во него работи фабрички погон, бензинска пумпа и услужни објекти.[2] Во местото се наоѓа и работи и пазар.
Во поново време, во селото е особено развиен туризмот.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
1.083
—
1953
941
−13.1%
1961
1.116
+18.6%
1971
1.033
−7.4%
1981
1.035
+0.2%
Година
Нас.
±%
1991
1.173
+13.3%
1994
1.199
+2.2%
2002
1.100
−8.3%
2021
997
−9.4%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Селото е големо, но со незначителни промени во бројот на населението. Така, во 1961 година Нов Дојран броел 1.116 жители, од кои 1.052 биле Македонци, 52 Срби и шест жители Албанци. Во 1994 година, селото имало 1.199 жители, од кои 1.115 биле Македонци, 37 Срби, 20 Роми, 16 Албанци и седум жители Турци.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.100 жители и претставува најголемото населено место во општината. Во него имало 1.023 Македонци, 11 Албанци, 23 Турци, 14 Роми, 27 Срби, 1 Бошњак и 1 останат.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 997 жители, од кои 935 Македонци, 10 Турци, 10 Срби, 3 останати и 39 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Нов Дојран се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 0383 и 0384 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[13]
↑ 2,02,12,22,32,42,52,6Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 211.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 април 2024.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“